Израел го изолира антителото на корона вирусот


Ерусалим – Израел изолира клучно коронавирусно антитело во неговата главна лабораторија за биолошки истражувања, рече израелскиот министер за одбрана во понеделникот, нарекувајќи го тоа „значаен чекор напред“ кон можен третман на пандемијата со Ковид-19.

„Моноклоналното неутрализирачко антитело“, изработено во Израелскиот институт за биолошки истражувања (ИИБР) „може да го неутрализира корона вирусот што предизвикува болести во телата на носителите“, рече министерот за одбрана Нафтали Бенет во изјавата.

Во изјавата се додава дека Бенет го посетил ИИБР во понеделникот, каде бил брифиран „за значаен напредок во пронаоѓањето на антитело за корона вирусот“.

Тој го цитираше директорот на институтот, Шмуел Шапира, дека формулата за антителото е патентирана, по што ќе се бара меѓународен производител да го произведува масовно.

ИИБР ги води израелските напори за развој на третман и вакцина за корона вирусот, вклучително и тестирање на крв од оние кои закрепнале од Кови-19, респираторна болест предизвикана од вирусот.

Антителата во такви примероци – протеини на имунолошкиот систем кои се остатоци на успешно надминување на корона вирусот – нашироко се сметаат за клуч за развој на можен лек.

Антителото пријавено дека е изолирано на ИИБР е моноклонално, што значи дека е изведено од единечна обновена клетка и на тој начин има поголема моќност за давање на третман.

Во истражувањата насекаде во светот, има корона вирус третмани развиени од антитела кои се поликлонални, или добиени од две или повеќе клетки од различно потекло, објави списанието Science Direct во своето мајско издание. (Ројтерс)