Во Бразил повеќе од 6.600 нови случаи на корона вирусот, над 290 починати


Бразил вчера регистрира повеќе од 6.600 нови случаи на корона вирусот и повеќе од 290 починати, покажаа најновите податоци на локалните власти.

Министерството за здравство соопшти за 6.633 новозаразени и 296 смртни случаи во последните 24 часа. Со ова, вкупниот број на потврдени случаи на заразени во Бразил достигна 107.780, а бројот на починати 7.321.

Најтешка е ситуацијата во државата Сао Паоло и истоимениот главен град. Во регионот има повеќе од 32.000 заразени и над 2.600 починати.

Следува државата Рио де Женеиро со повеќе од 11.000 заразени и над илјада починати.

Бразилското Министерство за здравство претходно прогнозира стабилизирање на ситуацијата со епидемијата во земјата во јули, постепено забавување на ширењето на заразата во август, и пад во септември.