Jana Белчева се повлече од функцијата претседател на Совет на Општина Центар: Се носат одлуки без анализи


Јана Белчева-Андреевска се повлече од функцијата претседател на Советот на Општина Центар. Причините за одлуката ги објави на својот Фејсбук профил во кој, меѓу другото, напиша дека „не може да се приклучи кон група во која мнозинството не е подготвено за прогрес, кое лесно се приклучува со калкулации за личен бенефит и комфор и не сака да биде дел од тим без желба за транспарентност“.

Колку повеќе квалитетни луѓе ќе се вклучат во политиката, толку поквалитетни одлуки ќе имаме. Најпрогресивната општина – Центар за жал ја немаше таа среќа. Не сакам да верувам дека политиката што ја води локалната власт е политика на СДСМ. Ова што се случува во Центар не е за изедначување со политиките и идеологијата на социјалдемократијата, во која и јас единствено верувам. Не е ниту репрезент на политичка идеологија, додаде Белчева во разговор за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.