Најголем дневен пораст на заразени во Индија


  Во изминатите 24 часа во Индија потврдени се 5.242 нови случаи на Ковид-19, што е најголем дневен раст на бројот заразени во таа земја. Вкупниот број потврдени случаи во индија сега е 96.169, вклучувајќи ги и 3.029 смртни случаи, соопшти индиското министерство за здравство, пренесе Си-ен-ен. Во индиската држава Махараштра има најмногу случаи – …

Најголем дневен пораст на заразени во Индија Read More »

Brain-storming размислувања за иднината на Македонија


МАРЈАН НИКОЛОВ „Среќата на човекот не може да му ја донесе ни државата, ниту системот, ни политичката партија. Среќата човекот може да си ја создаде само тој самиот. Според тоа, авангардните сили на социјализмот и социјалистичкото општество  можат да имаат само една цел – според можностите на дадениот историски миг да создаваат услови во кои …

Brain-storming размислувања за иднината на Македонија Read More »

Парапетче од март се гради до Охридското Езеро во пандемија


Во екот на пандемијата од коронавирусот Ковид – 19, на брегот на Охридското Езеро, во Градиште, во месец март, започна изградба на потпорен ѕид на плажа. Случајот е актуелизиран повторно викендов, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии како се одвиваат градежни активности до самото езеро, што предизвикаа голем револт кај охриѓани, кои бараат одговорност …

Парапетче од март се гради до Охридското Езеро во пандемија Read More »

„Њујорк тајмс“: Украдени милиони долари од бенифиции за невработени во САД


Весникот Њујорк Тајмс објави дека измамници го искористиле зголемениот обем на работа на американските службеници за време на пандемијата и притоа украле стотици милиони долари. Американските власти веруваат дека организирана мрежа измамници украла стотици милиони долари со фалсификување на побарувањата за бенефиции за невработеност во Вашингтон и шест други држави. Весникот се повикува на тајната …

„Њујорк тајмс“: Украдени милиони долари од бенифиции за невработени во САД Read More »

Јапонија влезе во рецесија


Јапонската економија влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година, бидејќи пандемија со Ковид-19 прекина производство, извоз и потрошувачка, како и стравувања дека може да има уште потешки времиња. Јапонската Влада денеска објави дека бруто домашниот производ паднал во реални услови во периодот јануари-март за 3,4 проценти на годишно ниво, според сезонски прилагодените податоци. …

Јапонија влезе во рецесија Read More »

Светска банка: Пад од 20 отсто на дознаките од странство поради пандемијата


Пандемијата на новиот коронавирус доведе до отпуштање на голем број работници кои живеат и работат во странство, а последиците веќе ги чувствуваат нивните семејства кои зависат од парите што им ги испраќаат. Светската банка проценува дека вредноста на дознаките од странство ширум светот ќе падне за 20 проценти оваа година. Се проценува дека најсиромашните луѓе …

Светска банка: Пад од 20 отсто на дознаките од странство поради пандемијата Read More »

Помпео и се заканува на Кина околу статусот на Хонг Конг


Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека му привлекло внимание како кинеската Влада се заканила дека ќе се меша во работата на американските новинари во Хонг Конг, објави Стејт департментот. „Тие новинари се членови на слободни медиуми, а не пропагандни кадри, а нивното вредно известување ги информира кинеските граѓани и светот“, нагласи Помпео во …

Помпео и се заканува на Кина околу статусот на Хонг Конг Read More »

Грција ги отвори шопинг моловите, идната недела и рестораните


– Со враќање во училишните клупи на сите средношколци, со отворање на археолошките локалитети, меѓу кои и Акропол, со отворање на зоолошките градини, дозволено патување во континентална Грција и на Крит, но и со отворање на моловите и трговските центри, една недела порано од планираното, од денеска во Грција започнува третата фаза на олабавувањето на …

Грција ги отвори шопинг моловите, идната недела и рестораните Read More »

Даниловски: Бесмислено е да се тврди дека коронавирусот потекнува од лабораторија


Авторите на индиската студија, која Нобеловецот Лук Монтање ја има спомнувано, го поставиле својот пишан труд на еден сајт за нерецензирани трудови (bioRxiv preprint repository), за набрзо да го симнат, откако коментаторите истакнале бројни грешки во нивната анализа. Она што Монтање го нарекол „елементи“ на ХИВ биле кратки елементи кои научниците ги откриле во геномот …

Даниловски: Бесмислено е да се тврди дека коронавирусот потекнува од лабораторија Read More »

СЗО очекува втор посмртоносен бран на коронавирус оваа зима


Европските земји мора да се подготват за смртоносен втор бран на коронавирус инфекции затоа што пандемијата не е завршена, рече во интервју за „Дејли телеграф“, д-р Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација во Европа. Клуге ги предупреди земјите што почнуваат да ги олеснуваат своите ограничувања, дека сега е „време да се подготват, а не …

СЗО очекува втор посмртоносен бран на коронавирус оваа зима Read More »

Кризниот штаб денес ќе разгледува евентуално олабавување на мерките


Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во државава од почетокот на епидемијата достигна 1.792, откако во изминатото деноноќие беа регистрирани 30 нови случаи од 426 направени тестирања. Од бројот на новозаразени ќе зависи натамошното олабавување на рестриктивните мерки. За натамошниот тек на рестриктивните мерки ќе се разговара денеска на состанок на главниот кризен штаб …

Кризниот штаб денес ќе разгледува евентуално олабавување на мерките Read More »

Вашингтон: Кина испраќала туристи да го шират Ковид-19 по светот


Советникот за економија на американскиот претседател Доналд Трамп, Питер Наваро ја обвини Кина дека два месеца го криела новиот коронавирус од светот, како и дека испраќала туристи од Вухан ширум светот за ширење на вирусот. – Вирусот се појави во провинцијата Вухан, нултиот пациент е откриен во ноември. Кинезите го криеја вирусот од светот зад …

Вашингтон: Кина испраќала туристи да го шират Ковид-19 по светот Read More »

Партиските лидери на нова средба за датум на избори


Партиските лидери кои во вторникот беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски, денеска напладне повторно кај шефот на државата ќе разговараат за термин кога да се одржат предвремените парламентарни избори. Во октомври лани тие беа закажани за 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ризикот од ширење на …

Партиските лидери на нова средба за датум на избори Read More »

Интервју со д-р Сашо Коруновски: Се надевам дека студентите ќе може да полагаат на класичен начин


Се разбира доколку околностите не дозволуваат класично полагање, се разработуваат платформи за спроведување на онлајн испити, вели ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Мирче Јовановсски Кризата која ја наметна пандемијата со корона вирусот се одрази врз сите сегменти на живеењето – образованието, стопанството (особено во туризмот), културата … За предизвиците во некои од овие општествени …

Интервју со д-р Сашо Коруновски: Се надевам дека студентите ќе може да полагаат на класичен начин Read More »

ФЕД: Кризата поради Ковид-19 е различна од Големата депресија


Економската криза предизвикана од пандемијата Ковид-19 има фундаментални разлики со Големата депресија, и економскиот раст на САД треба да продолжи побрзо и покрај многу високата невработеност и длабоката рецесија. Топа го нагласи шефот на Федералните резерви на САД, Џeром Пауел во интервју за Си-би-ес. Тој тврди дека не може да има нова Голема депресија како …

ФЕД: Кризата поради Ковид-19 е различна од Големата депресија Read More »

Арсенал е заинтересиран за голманот на Барселона, Нето


Голманот на Барселона, Нето, може да оди во Арсенал, пренесува „Сандеј експрес“. Според изворот, Лондончаните сакаат да се стекнат со 30-годишниот Бразилец како алтернатива на Бернд Лено. За играчот интерес пројавуваа и Атлетико, Милан, Бетис и Севиља. Оваа сезона, Нето настапи на само четири натпревари за каталонскиот клуб на кои прими седум гола.

Што знаеме за Кавасаки, реткото заболување што се поврзува со Ковид-19 кај децата


Ретката болест слична на Кавасаки ги погодува децата кои имаат антитела на коронавирус, покажува истражувањето објавено во списанието „Лансет“ во Италија Лекарите во 17 држави на САД известуваат дека најмалку 164 деца се разболеле од ретка воспалителна болест слична на состојбата позната како болест Кавасаки. Симптомите вклучуваат треска и воспаление и можат да ги погодат …

Што знаеме за Кавасаки, реткото заболување што се поврзува со Ковид-19 кај децата Read More »

Во Хонгконг тестираа хрчаци – носењето маски значително го намалува ширењето на корона вирусот


Тестови направени на хрчаци покажаа дека користењето заштитни маски значително го намалува ширењето на корона вирусот, објавија денеска научниците од Универзитетот во Хонгконг. Се работи за едно од првите истражувања кои проучуваат дали носењето маски може да го спречи пренесувањето на корона вирусот, без разлика дали има или нема симптоми. Под водство на професорот Јуен …

Во Хонгконг тестираа хрчаци – носењето маски значително го намалува ширењето на корона вирусот Read More »

Се помалку заразени и жртви на Ковид-19 во Италија


  Италија во изминатите 24 часа регистрирала 145 смртни случаи од последици од корона вирусот, што е најнизок биланс од 9 март, објави тамошната Агенција за цивилна заштита. Бројот на заразените исто така забележува поголем пад – 675, што е најмалку од 4 март, односно за 200 помалку од вчера. Од почетокот на пандемијата во …

Се помалку заразени и жртви на Ковид-19 во Италија Read More »

За образованието поддршка од 405 милиони денари од Ковид-програмата


Во рамки на третиот пакет економски мерки од КОВИД-програмата, 405 милиони денари се наменети за Министерството за образование. Ресорниот министер Арбер Адеми на својот фејсбук-профил објави дека средствата ќе бидат поддршка за учениците, студентите и младите. – Ваучери од 6.000 денари се наменети за студенти кои потекнуваат од семејства со ниски приходи за покривање на …

За образованието поддршка од 405 милиони денари од Ковид-програмата Read More »