Помпео и се заканува на Кина околу статусот на Хонг Конг


Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека му привлекло внимание како кинеската Влада се заканила дека ќе се меша во работата на американските новинари во Хонг Конг, објави Стејт департментот.

„Тие новинари се членови на слободни медиуми, а не пропагандни кадри, а нивното вредно известување ги информира кинеските граѓани и светот“, нагласи Помпео во соопштение.

Според него, секоја одлука наметната врз автономијата на Хонг Конг и слободите загарантирани со заедничката кинеско-британска декларација, може да влијае на американската позиција за принципот „една земја, два система“ и статусот на територијата.