Во Хонгконг тестираа хрчаци – носењето маски значително го намалува ширењето на корона вирусот


Тестови направени на хрчаци покажаа дека користењето заштитни маски значително го намалува ширењето на корона вирусот, објавија денеска научниците од Универзитетот во Хонгконг.
Се работи за едно од првите истражувања кои проучуваат дали носењето маски може да го спречи пренесувањето на корона вирусот, без разлика дали има или нема симптоми.

Под водство на професорот Јуен Квок-јуен, познат стручњак за корона вирус, научниците ставиле кафези со претходно заразени хрчаци во близина на кафез со здрави хрчаци.
Хируршки аски биле ставени на кафезите со проток на воздух од заразените животинчиња кон здравите.
Преносот на вирусот бил намален за 60 отсто.
Резултатите покажаа дека преносот на вирусот бил намален за 60 отсто кога меѓу кафезите биле поставени маски. Две третини од здравите хрчаци биле заразени во една недела откако маските биле тргнати.
Стапката на зараза паднала за малку повеќе од 15 отсто кога маските биле ставени на кафезот на заразените животни и на 35 отсто кога биле на кафезот на здравите животни.
„Јасно е дека е најважно заразените лица да носат маски“, вели Јуен пред новинарите.