Се помалку заразени и жртви на Ковид-19 во Италија


 

Италија во изминатите 24 часа регистрирала 145 смртни случаи од последици од корона вирусот, што е најнизок биланс од 9 март, објави тамошната Агенција за цивилна заштита.

Бројот на заразените исто така забележува поголем пад – 675, што е најмалку од 4 март, односно за 200 помалку од вчера.

Од почетокот на пандемијата во Италија починаа 31.908 заразени, што е најголем број по САД и Велика Британија, додека вкупниот број заразени е шести во светот – 225.435.

Сега во земјата има 68.351 активен пациент, 1.836 помалку отколку во саботата.