Најголем дневен пораст на заразени во Индија


Индија

 

Во изминатите 24 часа во Индија потврдени се 5.242 нови случаи на Ковид-19, што е најголем дневен раст на бројот заразени во таа земја.

Вкупниот број потврдени случаи во индија сега е 96.169, вклучувајќи ги и 3.029 смртни случаи, соопшти индиското министерство за здравство, пренесе Си-ен-ен.

Во индиската држава Махараштра има најмногу случаи – 33.053 и најмногу починати – 1.198.

Индија соопшти дека ги зголемила капацитетите за тестирање и до денеска ширум земјата тестирани се повеќе од 2,3 милиони луѓе.

Во неделата беше соопштено дека карантинот се продолжува до крајот на месецот.