Јапонија влезе во рецесија


Јапонската економија влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година, бидејќи пандемија со Ковид-19 прекина производство, извоз и потрошувачка, како и стравувања дека може да има уште потешки времиња.

Јапонската Влада денеска објави дека бруто домашниот производ паднал во реални услови во периодот јануари-март за 3,4 проценти на годишно ниво, според сезонски прилагодените податоци. На квартално ниво, падот беше 0,9 проценти, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Извозот потона 21,8 проценти, приватните инвестиции во градбата на станови за скоро 17 проценти и потрошувачката на домаќинствата за 3,1 отсто.

Аналитичари очекуваат ситуацијата да се влоши бидејќи, велат тие, третата по големина светска економија се соочува со најголемиот предизвик од Втората светска војна.