Ана Винтур унапредена, сега е глобален уредник на 25 изданија ширум светот


САД- Ана Винтур , уредничката на американскиот Вог, беше унапредена во Конде Наст, неколку месеци откако призна дека дозволила „штетно и нетолерантно“ однесување и не сторила доволно за да ги промовира  црномурестите дизајнери и модели. Винтур сега ќе биде главен директор за содржина на компанијата и глобален уредник на „Вог“, додека продолжува да го надгледува …

Ана Винтур унапредена, сега е глобален уредник на 25 изданија ширум светот Read More »

Градот Париз казнет бидејќи има премногу жени на раководни функции


Градските власти во Париз се казнети за вработување премногу жени на високи позиции, одлука што во вторникот ја исмејуваше како апсурдна градоначалничката Ана Идалго. Казната од 90.000 евра ја побара Министерството за јавни служби на Франција со образложение дека градското собрание на Париз ги прекршило националните правила за родов паритет во бројот на вработени од …

Градот Париз казнет бидејќи има премногу жени на раководни функции Read More »

Олимписката штафета ќе ја обиколи Јапонија и покрај пандемијата


Јапонија – Факелот со олимпискиот оган ќе мине низ сите 47 јапонски провинции, и покрај пандемијата на коронавирус, соопштија денеска организаторите. Маршрутата ќе биде исцртана во февруари следната година, а, засега, е познато дека олимпискиот факел ќе тргне од Фукушима, на 25 март. Олимпискиот оган на Националниот стадион во Токио ќе биде свечено запален на 23 јули. Паралелно …

Олимписката штафета ќе ја обиколи Јапонија и покрај пандемијата Read More »

Аерофлот со посебна зона за патниците кои ќе одбијат да носат маска во авион


Русија – Руската авиокомпанија Аерофлот денеска соопшти дека во своите авиони ќе дизајнира посебна зона за патниците кои одбиваат да стават заштитни маски на лицата. – Одредени места се наменети за патници кои ќе се изјаснат дека одбиваат да користат маски откако ќе се затвори вратата од авионот, изјави портпаролката на Аерофлот, Јулија Спивакова. Таа додаде …

Аерофлот со посебна зона за патниците кои ќе одбијат да носат маска во авион Read More »

Линдон Џонсон и Екатерина Захариева


ЉУПЧО ПОПОВСКИ После интервјуа како ова на Захариева за „Велт“ тешко може да се најде клуч за отворање на вратите за идни преговори. Работите веќе се целосно излезени од шините и композицијата се тркала во бездната; односите меѓу Бугарија и Македонија сега изгледаат уште полошо од пред два месеци   Една од најпознатите анегдоти во …

Линдон Џонсон и Екатерина Захариева Read More »

Хари и Меган ќе водат поткасти на Спотифај


САД – Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе создаваат и ќе водат подкасти за стриминг на музичкиот сервис Спотифај, соопшти денеска шведската компанија. Според повеќегодишниот договор меѓу нивната новоформирана компанија „Arccvel Audio“ и музичкиот сервис, брачната двојка ќе произведува програми што ќе ја забавуваат публиката ширум светот и ќе презентираат различни перспективи и ставови, …

Хари и Меган ќе водат поткасти на Спотифај Read More »

Во Грција починаа 98 лица и се регистрирани 1.240 нови случаи на Ковид-19


Грција– Во изминатите 24-часа во Грција повторно е регистриран зголемен број смртни случаи од Ковид-19, починаа 98 лица, а заразени се уште 1.240 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи, 270 се во Атика, поширокиот регион на Атина, а 232 во Солун. Од почетокот на епидемијата во Грција од Ковид-19 починаа 3.785 …

Во Грција починаа 98 лица и се регистрирани 1.240 нови случаи на Ковид-19 Read More »

Дедо Мраз зарази со коронавирус 118 лица во белгиски дом за стари лица


Белгија– Дедо Мраз, кој посети дом за стари лица во Белгија, со коронавирус зарази 118 лица. Според локалните медиуми, син на корисник на дом за стари лица во градот Антверпен, во костум на Дедо Мраз, го посетил домот за да ги развесели корисниците. Меѓутоа, кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со …

Дедо Мраз зарази со коронавирус 118 лица во белгиски дом за стари лица Read More »

На инфективните оддели во државава се лекуваат 1302 пациенти, има слободни кревети


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово …

На инфективните оддели во државава се лекуваат 1302 пациенти, има слободни кревети Read More »

Фаучи: Бајден и Харис треба да се вакцинираат против Ковид-19


САД– Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи денеска изјави дека новоизбраниот претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис треба што побрзо да се вакцинираат против новиот коронавирус. Тој исто така ги повика претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс да се вакцинираат. Во САД вчера почна имунизација со …

Фаучи: Бајден и Харис треба да се вакцинираат против Ковид-19 Read More »

Во Косово 17 починати и 294 заболени од Ковид-19, нема олеснителни мерки за празниците


Косово– Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.220 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 17 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.035 тестови со методот РТ-ПЦР (165.583 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 294 лица, со …

Во Косово 17 починати и 294 заболени од Ковид-19, нема олеснителни мерки за празниците Read More »

Уметнички инсталации кај некогашните кино „Карпош“ и диско „Турист“


Две нови скулптурални инсталации во јавен простор, насловени „Урбани топоними – акции  наменети за зачувување на спомените на градот“ се поставени денеска на две локации – киното „Карпош“, каде што со свое дело интервенираше младиот уметник Андреј Миневски, и некогашното диско „Турист“ каде што е поставено делото на Ѓорѓе Јовановиќ. Центарот за современи уметности Скопје …

Уметнички инсталации кај некогашните кино „Карпош“ и диско „Турист“ Read More »

Лажна дојава за бомба во Бољшој театар


Русија-По дојава за поставена бомба во Бољшој Театар во Москва, беа евакуирани најмалку 350 лица, но подоцна се утврди дека станува збор за лажна закана. – Заканата за бомба во московскиот Бољшој театар била лажна, изјави за Тасс извор од полицијата, откако беше извршен увид во објектот. Според него, при увидот не е откриена ниту …

Лажна дојава за бомба во Бољшој театар Read More »

Владата не сака да се спогодува со ексфункционерите обвинети од СЈО


Владата нема намера да се спогодува со ексфункционерите обвинети во предметите на СЈО, а кои поднесоа апликации против државата пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур повикувајќи се на аболицијата од бившиот претседател Ѓорге Иванов. Нивните апликации пред меѓународниот суд се во почетна фаза, односно во фаза кога државата добива известување од Стразбур …

Владата не сака да се спогодува со ексфункционерите обвинети од СЈО Read More »

Лидерот на републиканците во Сенатот му ја честиташе победата на Бајден


Лидерот на Републикаците во Сенатот, Мич Меконел, му ја честиташе денеска изборната победа на демократот Џо Бајден, нарекувајќи го избран претседател и рече дека Изборниот колеџ „го кажал своето“. Изјавата на Меконел става крај на повеќенеделното молчење на републиканците за поразот на претседателот Доналд Трамп, а доаѓа вчера електорите ја потврдија изборната победа на Бајден. …

Лидерот на републиканците во Сенатот му ја честиташе победата на Бајден Read More »

Белград благодарен за континуираната бугарска подршка на евроинтеграцијата


Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ денеска имаше телефонски разговор со вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатарина Захариева во кој соговорниците констатирале дека билатералните односи меѓу двете земји се многу добри, како и дека политичкиот дијалог на највисоко ниво е многу интензивен и содржаен. Селаковиќ се заблагодарил на континуираната поддршка на …

Белград благодарен за континуираната бугарска подршка на евроинтеграцијата Read More »

Туристичко-угостителска комора: Новите рестриктивни мерки за угостителските објекти се селективни и непрецизни


Туристичко-угостителската комора на Македонија соопшти дека новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата се непрецизни и селективни поради што се доведува во прашање ефектот кој се планира да го постигнат. Од Туристичко-угостителската комора посочуваат дека досега ги поддржувале сите здравствени мерки кои придонесуваат за намалување на последиците од пандемијата и активно го промовирала почитувањето на …

Туристичко-угостителска комора: Новите рестриктивни мерки за угостителските објекти се селективни и непрецизни Read More »

Во Србија цената на ПЦР тестот за странци е 153 евра и 76 евра за домашните граѓани


Српската влада соопшти дека донела нови мерки кои во понеделникот беа предложени од Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19, кои стапуваат на сила во недела, 20 декември, јави дописникот на МИА од Белград. Као што стои во соопштението на Владата на Србија, новите мерки се однесуваат за влез на …

Во Србија цената на ПЦР тестот за странци е 153 евра и 76 евра за домашните граѓани Read More »

Заев: Имаме разбирање за одлуката на Србија да го суспендира патувањето без ПЦР тест


Србија ќе паузира со примената на Меморандумот за патување без ПЦР тестови склучен со Северна Македонија и Албанија, поради барањето на некои европски земји, за што навремено информирала српската Влада, изјави денеска премиерот Зоран Заев -Веројатно, Германија и некои други земји бараат од земјите кај нас, веќе одржаа состанок и со нашиот министер за внатрешни …

Заев: Имаме разбирање за одлуката на Србија да го суспендира патувањето без ПЦР тест Read More »

Акцизните производи ќе се „чипираат“ и ќе се следат до крај за да се сузбие даночната евазија


Акцизните стоки ќе добијат код со кој ќе се следи нивниот пат, а со цел да се сузбие даночната евазија која е 30 отсто од приходите. Владата ја прифати денеска предлог-одлуката за воспоставување на овој систем што ќе го контролира Царинската управа, а ќе се спроведува преку јавно-приватно партнерство. Подзаконските акти треба да бидат готови …

Акцизните производи ќе се „чипираат“ и ќе се следат до крај за да се сузбие даночната евазија Read More »