Олимписката штафета ќе ја обиколи Јапонија и покрај пандемијата


Јапонија – Факелот со олимпискиот оган ќе мине низ сите 47 јапонски провинции, и покрај пандемијата на коронавирус, соопштија денеска организаторите.

Маршрутата ќе биде исцртана во февруари следната година, а, засега, е познато дека олимпискиот факел ќе тргне од Фукушима, на 25 март.

Олимпискиот оган на Националниот стадион во Токио ќе биде свечено запален на 23 јули.

Паралелно со ова, градоначалникот на Токио Јирике Колико изјави денеска дека не гледа „ниту едно сценарио“ што би можело да доведе до откажување на Олимпијадата, откако Игрите беа одложени минатата година поради пандемијата на коронавирус.