Заев: Имаме разбирање за одлуката на Србија да го суспендира патувањето без ПЦР тест


Србија ќе паузира со примената на Меморандумот за патување без ПЦР тестови склучен со Северна Македонија и Албанија, поради барањето на некои европски земји, за што навремено информирала српската Влада, изјави денеска премиерот Зоран Заев

-Веројатно, Германија и некои други земји бараат од земјите кај нас, веќе одржаа состанок и со нашиот министер за внатрешни работи заради меѓусебното поврзување, тие ќе го паузираат фактички Меморандумот или договорот за патување без ПЦР тестови помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. И при едни вакви околности навремено информираше српската Влада, изрази жалење. Секако не се лутиме, нема и зошто да немаме разбирање заради тоа што ние тоа го направивме најдобронамерно верувајќи и до ден денес веруваме дека ширењето на вирусот е дома, внатре со меѓусебното групирање, не со меѓусебното патување, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференцијата во Влада, .

Тој верува дека договорите кои сега се ставени во мирување ќе бидат вратени до крајот на јануари, при тоа не кажа дали е можно времено повлекување на македонската страна од Меморандумот..

-Немаме ниту увоз, ниту извоз на заразувањето, но дефинитивно кога имаме обврски спрема други земји, секако јасно е дека тие треба да се почитуваат, заклучи премиерот.

С. Македонија, Србија и Албанија од 10 ноември почнаа да го применуваат Меморандумот за патување на граѓаните на трите земји ќе можат да патуваат од една во друга држава без приложување негативен  ПЦР тест. Со документот се овозможува и граѓанин на некоја од земјите потписнички кој ќе се затече на територијата на друга земја и треба да се лекува во земјата во која е хоспитализиран, тогаш државата во која се лекува да ги сноси трошоците за тоа лекување.