Лидерот на републиканците во Сенатот му ја честиташе победата на Бајден


Изјавата на Меконел става крај на повеќенеделното молчење на републиканците за поразот на претседателот Доналд Трамп, а доаѓа вчера електорите ја потврдија изборната победа на Бајден.

– Многумина од нас се надеваа дека претседателските избори ќе дадат поинаков резултат, рече Меконел. – Но, нашиот систем на управување има процеси да утврди кој ќе положи заклетва на 20 јануари. Изборниот колеџ го кажа своето, истакна шефот на пратеничката група на републиканците во Сенатот..

Меконел претходно упати пофалби за четиригодишниот мандат на Трамп, велејќи дека Трамп и потпретседателот Мајк Пенс „ја заслужуваат нашата благодарност“.

Лидерот на Сенатот, меѓу другите достигнувања, ја наведе номинацијата на Трамп на тројца судии на Врховниот суд, кои беа потврдени во Сенатот, каде републиканците имаат мнозинство.