Аерофлот со посебна зона за патниците кои ќе одбијат да носат маска во авион

Русија – Руската авиокомпанија Аерофлот денеска соопшти дека во своите авиони ќе дизајнира посебна зона за патниците кои одбиваат да стават заштитни маски на лицата.

– Одредени места се наменети за патници кои ќе се изјаснат дека одбиваат да користат маски откако ќе се затвори вратата од авионот, изјави портпаролката на Аерофлот, Јулија Спивакова.

Таа додаде дека ова е вообичаена практика низ целиот свет и е неопходна мерка.

Аерофлот вчера најави дека патниците ќе можат да се качат на летот само доколку носат маска што целосно ги покрива носот и устата.

Во Русија, од почетокот на пандемијата, заразени се 2,7 милиони луѓе, а речиси 48.000 починаа.