Бугарија си даде автогол


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Место да добие поддршка од ЕУ за Гоце Делчев и „бугарската кирилица“, Софија ги доби ОМО „Илинден“ и македонското малцинство во пакет –  како барања за исполнување од ЕП за да не ѝ бидат сопрени европските фондови   Бугарското вето издиша. Место да ја дотера Македонија до ѕид и таа да ги прифати […]

„Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома, ама ги губат канцелариите


САД– „Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, објави денеска високо-технолошката новинска страница „Тhe Verge“. Додека огромното мнозинство на работници во „Мајкрософт“ работи од дома поради […]

Во Црна Гора во еден ден повеќе заразени отколку во целиот прв бран на епидеммијата Ковид-19


Црна Гора – Во Црна Гора денеска има рекордни нови 344 случаи на заразени со новиот коронавирус, што значи дека денешниот број е поголем од вкупниот број на заразени во првиот бран на епидемијата, кога беа регистрирани вкупно 324 случаи од средината на март до почетокот на мај. Црногорските епидемиолози предупредија дека бројот на заразени лица […]

Трамп чека дозвола од лекари за да почне со кампања


САД–  Американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатиот викенд беше во болница поради Ковид-19, е подготвен за работа и наскоро ќе знае дали е можно да почне изборна кампања в сабота и недела.Тоа го изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенај. – Се обидуваме да се усогласиме со претседателот, кој е подготвен да оди на патувања, тој […]

Театрите на Бродвеј затворени барем до крајот на мај 2021 година


САД – Театрите на Бродвеј ќе останат затворени барем до крајот на мај 2021 година, соопшти денеска здружението Бродвеј лига. Тоа е нов сигнал дека следната сезона 2020-2021 година во САД ќе биде празна. Тоа е уште едно одложување на манифестациите во светот на спектаклите во САД, две недели по откажувањето на следната сезона на Метрополитен […]

Надал е првиот финалист на Ролан Гарос


Франција– Шпанецот Рафаел Надал попладнево го победи Аргентинецот Диего Шварцман во три сета, 6:3, 6:3, 7:6 (7:0), во полуфиналето на Грен слемот Ролан Гарос. Средбата траеше 3 часа и 12 минути. Надал стигна до решавачкиот натпревар на Отвореното првенство на Франција четврти пат по ред и 13-ти пат во кариерата. Ривалот на Надал ќе биде одреден […]

Законот за заштита од дискриминација помина во прво читање во Собранието


Собранието попладнево  го изгласа Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, во прво читање. Ова законско решение, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, е од суштинска важност за граѓаните. „Потрошивме многу време изминативе години во поделби, дискриминација, стигматизирање кои не носат добро никому и ги кочат нашите чекори напред. Ова решение […]

Починатиот битолчанец една недела бил со симптоми пред да оди во болница


Битолчанецот кој денеска почина од Ковид-19 една недела бил со симптоми – температура, тешко дишење, кашлање, пред да отиде на болница. Во понеделникот на 5 септември се јавил за преглед на кардиолог во Клиничката болница во Битола поради стегање во градите, отежнато дишење, но и покачена температура, но одбил хоспитализација. Следниот ден бил примен како […]

Валентино прославува 10 години Rockstud со нова серија соработки


Италија-Брендот носи уметници, креативци, па дури и други дизајнери за да го замислат препознатливиот – и мошне комерцијален – мотив. Брендот носи уметници, креативци, па дури и други дизајнери за да го замислат препознатливиот – и мошне комерцијален – мотив. Rockstud е главна понуда во додатоците за додатоци на Валентино од 2010 година. Сега неславниот […]

Центар, Карпош и Аеродром со повеќе од 240 активни заболени од Ковид-19


Од новите 386 случаи со корона вирус денеска, 178 се од Скопје. Во главниот град, во моментот има 1.432 активни случаи, а дури три општини имаат повеќе од 240 активно заболени граѓани. Центар е на врвот со 265 активни, па следуваат Аеродром со 257 и Карпош со 242. Повеќе од 100 има во Гази Баба […]

„Викенд без ДДВ“: За да се добие целиот данок сметките треба да се скенираат во рок од три дена


За враќање на целиот износ на Данокот на додадена вредност во претстојниот „Викенд без ДДВ“, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од три дена од нивното издавање, а доколку ги скенираат по овој рок враќањето на ДДВ за овие  производи ќе продолжи како и до сега, односно ќе се враќа 20 отсто […]

Повторно уриваме рекорди, денеска 386 заразени со Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 2.267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 178 -Куманово 18 -Дебар 1 -Штип 8 -Прилеп 20 -Тетово 13 -Струга 9 -Велес 5 -Битола 13 -Охрид 7 -Кавадарци 3 -Гостивар 4 -Гевгелија 18 -Струмица 44 -Крива Паланка 7 -Радовиш 4 -Кочани 10 -Пробиштип 1 -Македонски […]

Во екот на пандемијата постарите гласачи му го вртат грбот на Трамп


ЊУЈОРК – Многу постари Американци му го вртат грбот на претседателот Доналд Трамп оваа година, бидејќи корона вирусот ја опустоши земјата, еродирајќи важна база за поддршка на републиканците, што му помогна да ја освои Белата куќа во 2016 година, покажуваат податоците од анкетите на Ројтерс/Ипсос. Трамп и неговиот демократски противкандидат Џо Бајден сега ги поделија […]

Триесетина споменици дел од туристичката тура „Монументал МК“


Околу 30 споменици во Скопје и во земјава се опфатени со туристичката тура „Монументал МК- споменици и бруталистичка архитектура“ со цел да им се понуди на туристите една автентична тура и да се поттикне локалниот економски развој. Спомениците од турата се наоѓаат во близина на автопатот А1 што ги прави идеално попатно место за пауза, […]

Бројот на заразени лица во Интер се зголемува


Италија – Голманот на Интер, Јонуц Раду е уште еден во тимот заразен со коронавирус, потврдија од клубот. Романскиот голман е петтиот играч на Интер кој дал позитивен тест во последните денови по Алесандро Бастони, Милан Шкрињар, Роберто Гаљардини и Раџа Наинголан. Еден од заразените – Роберто Гаљардини, ги увери навивачите дека се чувствува добро. – […]

JСП Скопје: Автобусите в понеделник ќе возат по неделен, зимски возен ред


Автобусите од јавниот превоз в понеделник (12 октомври) ќе сообраќаат по неделен, зимски возен ред поради државниот празник 11 Октомври, Ден на народното востание, соопшти денеска Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Дежурни ќе бидат три билетарници, односно билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче кои ќе работат од 7 до 19:30 часот, а од 7 […]

И во Србија расте бројот новозаразени – денеска 173


  Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се нови 173 случаи со корона вирус, а почина еден пациент. Тестирани биле 6.933 примероци. На респиратори во болниците ширум земјата се 21 пациент. Досега од последиците на Ковид-19 во Србија починаа 761 лице. Вчера во Србија беа регистриани 121 новозаболен.

Богдановиќ: Обезбедени пари за уривање дивоградби


Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција информираше дека неговата Општина предничи со остранување на дивоградби, посочувајќи дека за наредниот период се издвоени над 13 милиони денари за нов бран на такви зафати. – Општина Центар предначи со отстранување на диви објекти. Имавме такви отстанувања изминатиот период и на кафулиња и на тераси, […]

Во одобрението за градба задолжително ќе се наведува на што ќе се грее секој нов објект


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) продолжува со консултативните средби за допрецизирање на Одобрението за градба во кое задолжително ќе се наведе енергенсот на кој ќе се грее секој нов објект што ќе се гради. Во таа насока денеска имаше средба со претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). -Претседателот Марко […]

Во градинките 10 деца и 21 вработен се позитивни на Ковид-19 – 150 во изолација


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека состојбата во градинките е стабилна и оти институцијата со која раководи, заедно со Министерството за здравство будно ја следи. Засега 10 деца и 21 вработен во градинките биле позитивни на корона вирусот, а сите се во добра здравствена состојба. Во изолација поради позитивни случаи се […]