Во одобрението за градба задолжително ќе се наведува на што ќе се грее секој нов објект


Фото: Б. Грданоски

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) продолжува со консултативните средби за допрецизирање на Одобрението за градба во кое задолжително ќе се наведе енергенсот на кој ќе се грее секој нов објект што ќе се гради. Во таа насока денеска имаше средба со претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

-Претседателот Марко Бислимоски заедно со комесарот Атанаско Тунески денеска во РКЕ одржаа работен состанок со Ивица Јакимовски, претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, со кого се отворија серија прашања во однос на мапирањето на градот Скопје, како и предизвиците со кои се соочуваат градежните компании во однос на затоплувањето на објектите што се градат и употребата на калориметрите кои се задолжителни за новите објекти, согласно Законот за енергетика, информираат од РКЕ.

Најавуваат дека следната недела ќе се одржи консултативната средба со членките од Градежната комора при Сојузот на стопански комори.