Болниот Доналд Трамп зема свој лек. Како ќе оди тоа ?


Како и секоја нормална личност примена во болница која се уште може да зборува и да оди, претседателот Доналд Трамп сакаше да излезе од таму. Според Си-Ен-Ен, тој побарал да ја напушти болницата во неделата, бидејќи, делумно, сметал дека хоспитализацијата го прави слаб, но тој се решил за брз круг пред Националниот воено-медицински центар Волтер […]

Скопје бара поддршка за ЕУ, Софија условува со историски прашања


Северна Македонија очекува поддршка, а не блокада од Бугарија за ЕУ.  Сака да продолжи да гради добри односи со соседите и да се решат отворените прашања. Софија е за евроинтергација на Скопје, но смета дека пред отворање на пристапните преговори терба да се надминат недоразбирањата за историските прашања. Овие пораки беа испратени од вчерашните средби […]

Лавров: Постигнат е договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах


По трилатералните разговори во Москва на министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах, што денеска стапува во сила. Во официјалниот документ потпишан во Москва се наведува дека Ерменија и Азербејџан се недвосмислено согласни за хуманитарен прекин […]

САД: Откажана втората претседателска дебата


Втората претседателска дебата помеѓу Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден што требаше да се одржи на 15 октомври е откажана откако американскиот претседател одби виртуелна дебата. Виртуелна дебата беше предложена поради тоа што Трамп е инфициран со Ковид-19. Тоа значи дека третата дебата во Нешвил,што треба да се одржи на 22октомври најверојатно ќе биде […]

Почна „Викендот без ДДВ“ за домашни производи и услуги и ИТ опрема – се враќа целиот данок за промет до 30 илјади денари


Викендот без ДДВ, долгонајавуваната мерка на Владата од утринава почна да се применува. Се однесува на домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема за кои ќе се враќа целиот износ на платениот ДДВ, за промет до 30 илјади денари направен денес, утре и задутре. Тоа значи дека граѓаните ќе добијат назад 18, односно 5 […]

Црни рекорди со бројот на новозаболени, Владата треба да пресече за новите рестриктивни мерки


Нов рекорд на новозаболени од Ковид-19 беше регистриран вчера од дури 386 новозаразени, по што надлежните уште еднаш испратија апел до граѓаните да не забораваат на маска, дезинфекција и да држат дистанца. Носење маска на отворено, забрани за поголеми семејни прослави во домашни услови и групирање на јавни простори по 22 часот се мерките кои […]

Сончево со умерена облачност и ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе […]

Филипче не исклучува рестрикции во движењето доколку сегашните мерки не дадат резултат


Министерот за здравство Венко Филипче вечерва изјави дека доколку мерките за заштита од Ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето. Тој рече дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите и сестрите се под притисок. Но, тие, додаде, се мотивирани, работат и нема да се случи болните од ковид да останат […]

Ѓоковиќ противник на Надал во финалето на Ролан Гарос


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ го победи Стефанос Циципас во пет сета и се пласираше во финалето на Ролан Гарос . Во меч што траеше безмалку четири часа, Србинот победи со 6:3, 6:2, 5:7, 4 6 и 6:1. Во меч за трофејот, в недела Ѓоковиќ ќе се сретне со Надал. За српскиот тенисер ова ќе […]

ЕУ ги усогласи критериумите за обележување региони погодени од Ковид-19


Во ЕУ денеска ги усогласија критериумите за обележување на регионите според бројот на коронавирус инфекции на 100.000 жители и процентот на позитивни меѓу тестирани, со цел да се олесни движењето на луѓето во пандемијата. Постигнат е договор за тоа кои региони ќе се означат за зелена, портокалова или црвена зона, според заеднички критериуми. Областите за […]

За првпат над 100 илјади заразени со Ковид-19 за 24 часа во Европа


Во Европа за првпат се регистрирани над 100.000 новоинфицирани со новиот коронавирус за последните 24 часа, откако бројот на новоинфицирани во држави како Русија и Велика Британија не престанува да се зголемува во последните пет дена. Светската здравствена организација денес соопшти дека повторно е забележано рекордно еднодневно зголемување на глобалните случаи на коронавирус, а за […]

Собранието ги изгласа додополнувањата на законите за студентски и за ученички стандард


Собранието денеска во рамки на продолжението на 15. седница попладнево го усвои доплнувањата на Законот за студентскиот стандард и на Законот за ученичкиот стандард, по скратена постапка. Во овие два закони се додаваат нови одредби со кои се регулира начинот на организирањето на дејноста во студентските и ученичките домови во услови на епидемијата. Исто така, […]

ИОМ: Приближно три милиони мигранти не можат да се вратат дома поради Ковид-19


Затворените граници и воведените ограничувања поради пандемијата со новиот коронавирус го блокираа враќањето дома на околу три милиони мигранти ширум светот, објави денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Во извештајот на ИОМ опфатени се повеќе од сто држави. Извештајот се однесува само на мигрантите кои сакаат да се вратат, но не можат поради ограничувањата. Поголемиот […]

Викендот без ДДВ под будното око на инспекторите за почитување на протоколите и цените


Инспекциските служби за време на викендот без ДДВ ќе продолжат со интензивни контроли на терен, во делот на почитување на здравствените протоколи, како и на цените на производите. Како што соопштија од Владата, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува контроли со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите. Конкретно, ќе врши контрола […]

Градежници, негователки… кои занимања од Западен Балкан најмногу се бараат во Германија


Германскиот Бундестаг одобри продолжување на така наречените Правила за Западен Балкан, според кои граѓаните на регионот и понатаму ќе можат да работат во Германија. Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово,Србија и Црна Гора независно од формалните квалификации до 2023 година ќе можат да работат во Германија. Дојче веле наведува дека најголемата потреба […]

Во Србија поради примање мито уапсена помошник министерката за земјоделство


По наредба на српското Обвинителството за организиран криминал, помошник министерката за земјоделство Дарија Јањиќ Нишавиќ уапсена е попладнево поради сомнение дека примила мито, додека Д.Ч. е уапсен под сомнение дека ја има подмитено. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дарија Јањиќ Нишавиќ е раководител на Секторот за меѓународна соработка и ги води работите […]

НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица


НЛБ Банка од 10 октомври, 2020 година започнува промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица која ќе трае до 10 ноември 2020 година. Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Mastercard Business картичката како и можност за користење на единствен пакет со дозволено пречекорување и бизнис картичка врзана со трансакциската […]

САД воведуваат царини од 52 до 132 отсто за увоз на алуминиумски листови од 18 држави


Министерот за трговија на САД, Вилбур Рос, изјави дека САД ќе воведат царини во вредност од речиси 2 милијарди долари, за увоз на алуминиумски листови од 18 држави.  Од министерството сметаат дека овој производ е непогодно и во големи количини увезуван во САД. Тарифите ќе опфатат голем број земји, како Германија, Бахреин и Оман и […]

Албанското тло не мирува, земјотрес од 3,5 степени во Драч


Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер е регистриран во 16:36 часот во близина на албанското пристаниште Драч. Епицентарот на земјотресот е во Јадранско Море, 23 километри од Драч,односно 42 километри од Тирана а на длабочина од пет километри. Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, ова подрачје го погоди вчера нешто по […]

„The Joshua Tree“ на U2 е изгласан за најдобар албум на 80-тите


Англија– „The Joshua Tree“ на U2 е прогласен за најдобар албум на 80-тите години на минатиот век. Објавен во 1987 година, го направи U2 еден од најголемите светски бендови, благодарение на химните како With Or Without You и Where The Streets Have No Name. Го изгласаа слушателите на BBC Radio 2’s Sounds of the 80s, […]