САД воведуваат царини од 52 до 132 отсто за увоз на алуминиумски листови од 18 држави


Министерот за трговија на САД, Вилбур Рос, изјави дека САД ќе воведат царини во вредност од речиси 2 милијарди долари, за увоз на алуминиумски листови од 18 држави. 

Од министерството сметаат дека овој производ е непогодно и во големи количини увезуван во САД. Тарифите ќе опфатат голем број земји, како Германија, Бахреин и Оман и стапува во сила веднаш. Комисијата за меѓународна трговија на САД ќе даде конечна оценка за овој чекор во февруари 2021 година.

 -Ова е најголемиот и најопсежен случај што нашето министерство го донело во изминатите 20 години, изјави Рос денеска за телевизијата Фокс бизнис.  

 Висината на царините ќе се движи од 52 отсто до 132 отсто, зависно од земјата. Највисоката царина ќе ја плаќа Германија. Останати земји кои се опфатени со овие тарифи се Бразил, Египет, Грција, Индија, Италија, Романија, Србија, Словенија, Шпанија, Турција и други.