„The Joshua Tree“ на U2 е изгласан за најдобар албум на 80-тите


Англија– „The Joshua Tree“ на U2 е прогласен за најдобар албум на 80-тите години на минатиот век. Објавен во 1987 година, го направи U2 еден од најголемите светски бендови, благодарение на химните како With Or Without You и Where The Streets Have No Name. Го изгласаа слушателите на BBC Radio 2’s Sounds of the 80s, во анкетата по повод Националниот ден на албумите .

Најдобри албуми според слушателите на „Би-би-си“

Напишан наспроти позадината на Студената војна, албумот одразуваше две страни на американскиот сон, со ирскиот бенд заведен од својот гламур, но одбиен од она што басистот Адам Клејтон го нарече „мрачноста и алчноста“ од ерата на Реган.

„И се чувствувам како да сме таму на некој начин“, рече гитаристот „Еџ“, откако ги слушна резултатите од анкетата на Радио 2. „Политиката е сè уште толку поларизирана.

Најпродавани албуми во 80-тите

Второто место го освои  „ Brothers In Arms “ на „Дајр Стрејтс“, а потоа следува истоименото деби на „ The Stone Roses “.

Сите, освен една од првите 20, се на машки уметници, со исклучок „Hounds Of Love “ на Кејт Буш – кој се наоѓа на 11-тото место.