„Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома, ама ги губат канцелариите


САД– „Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, објави денеска високо-технолошката новинска страница „Тhe Verge“.

Додека огромното мнозинство на работници во „Мајкрософт“ работи од дома поради пандемијата, производителот на софтвер внатрешно ги откри упатствата за „хибридното работно место“ за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува „The Verge“.

Интернет-гигантот имаше 163.000 вработени на 30 јуни, од кои 96.000 во САД.

„Мајкрософт ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а на менаџерите да работат од далечина трајно“, пишува The Verge.

Мајкрософт го прифати тој систем замислен во високотехнолошки сектор, како што Фејсбук овозможува постојана работа од дома. Сепак, вработените во „Мајкософт“ ќе мора да се откажат од работните места, но ќе можат да ги користат просторите за контакт во канцелариите на компанијата.

„Пандемијата не принуди да размислуваме, да живееме и да работиме на нов начин“, забележа Кетлин Хоган, извршен директор во „Мајкрософт“.

„Но, некои работни места нема да може да се вршат далечински цело време, како што се оние што бараат пристап до лабораторија за истражување на софтвер, центри за податоци или обука на персоналот“, додаде таа.

Канцелариите на Мајкрософт нема да бидат отворени до јануари 2021 година.

Шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека половина од работниците на социјалната мрежа можат да работат трајно од дома во следните пет до десет години.