Копач верува дека Регулаторната комисија донела правилна одлука за струјата


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е независен енергетски регулатор што работи транспарентно и професионално и се смета за најдобар регулатор две години по ред во рамки на сите девет договорни страни на Енергетската заедница (ЕЗ). Не можам да проценам дали зголемувањето на цената на електричната енергија од 7,43 отсто беше точно вистинското, но верувам дека […]

Лавров му се извинил на Вучиќ за коментарот на Захарова


Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, му се извини на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за контроверзниот пост на „Фејсбук“ на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ. „Коментарот на Захарова беше несоодветен и недостоен за нејзината позиција“, изјави Васиљевиќ за ТВ Прва. Таа рече […]

СЗО: Безбедноста на вакцините е на прво место


Безбедноста на потенцијалната вакцина за коронавирусот е на прво место, изјави денеска главниот научник на Светската здравствена организација Сумја Сваминанатан откако беше прекинато клиничкото испитување на вакцината од Универзитетот во Оксфорд и АстраЗанека поради сомнежи дека кај еден доброволец дошло до несакани ефекти. Сваминатан рече дека тоа што се зборува за брзина не значи дека треба да се прават […]

Од оџак во Лисиче извадени 10 килограми мед – спасено пчелно семејство


Изминатиов викенд во скопско Лисиче се случувала вистинска борба за да се спаси и на сигурно да се дислоцира едно големо семејство пчели. Се започнало кога пчеларот Марјан Станковски добива повик од пријател кој бара од него да даде совет како да се извади еден рој пчели кои се населиле во новоизградена куќа во населбата […]

Белорусија: Грабнат уште еден политичар од опозицијата


  Белорускиот опозициски политичар Максим Знак беше приведен во средата од маскирани лица кои носеа обична облека, рекоа приврзаниците, додека властите ја проширија систематската кампања за приведување на водачите на едномесечните протести. Знак беше приведен два дена откако друг опозициски лидер, Марија Колесникова, беше грабната на улица од маскирани лица. Двајцата се истакнати лидери на […]

По 20 сезони огромна гледаност и заработка: Завршува шоуто на сестрите Кардашијан


САД – Реалното шоу „Кардашијанови“ (Keeping Up with the Kardashians) кој десет години беше прогласувано за најдобро во Америка, ќе заврши по претстојната, 20-та сезона, односно наредната 2021 година. Семејството тоа го соопшти на Инстаграм. „Со тешко срце мора да се збогуваме со шоуто ‘Кардашијанови’. По 14 години, т.е. 20 сезони, стотици епизоди и неколку спин-оф емисии, […]

Честиткa од германскиот претседател Штајнмајер по повод Денот на независноста


По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, писмо со честитка до претседателот Пендаровски испрати неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, во која посочува дека оваа година земјава заслужено се радувала на приемот во НАТО и на одлуката за започнување пристапни преговори со ЕУ. Тој во честитката потенцира и дека е многу важно […]

Амбасадор на модата: Бред Пит е новото лице на „Бриони“


САД – Бред Пит е новото лице на постојната рекламна кампања на брендот Бриони, односно на нивната последна линија одела и палта. Фотографиите се дело на Микаел Јансон. Ова е втора соработка на Бред Пит со Бриони оваа година, а лани во ноември брендот го прогласи Оскаровецот за свој амбасадор на модата. Лани го освои Оскарот […]

Се самоуби професор во затвор осуден за силување девојче


Професор кој беше на издржување затворска казна, си го одзел животот, дознава Алсат. Лицето С.М. беше обвинет за обид за силување на малолетно лице на возраст од 8 години. Настанот се случи во почетокот на годинава, а во полиција го пријавила мајката на девојчето.

Британија и корона вирусот: Ќе бидат забранети собирите на повеќе од шест лица


  Британската влада најави итна акција во обид да се спречи стравуваното есенско обновување на корона вирусот, заострувајќи ги законите за забрана на буквално сите собири на повеќе од шест лица во Англија. Во услови на загриженост дека сегашните правила не се разбрани и премногу тешки за спроведување од полицијата, премиерот Борис Џонсон во среда […]

Во возило во Куманово откриени 21 мигрант, од нив 10 малолетници


Полицијата во Куманово рано утрово во возило со штипски регистарски ознаки пронашле 21 мигрант, од кои 10 биле малолетници. Штипјанецот кој упраувал со возилото е приведен. Од МВР денеска информираа дека околу 1 часот во кумановското село Матејче, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски […]

Во август на едно домаќинство му требале 33.538 денари да го помине месецот


Триесет и три илјади и петстотини и триесет и осум денари е вредноста на синдикалната  минимална кошница за август годинава. Тоа биле потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки… Податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за врдноста на синдикалната минимална кошница, покажуваат дека најголем дел од средствата се […]

Мерењето на температурата „пропусница“ за влез во градинките


Установите за згрижување и воспитување на децата почнаа со работа во согласност со  протоколите за функционирање во услови на пандемија со КОВИД – 19. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ги повика вработените  и родителите да покажат максимална одговорност. Таа појасни дека протоколот што Комисијата за заразни болести го усвои многу јасно ги […]

Одложувањето не мора да го уназади развојот на британската вакцина


Британскиот министер за здравство Мет Ханкок денеска изјави дека одлуката на АстраЗанека привремено да го прекине тестирањето на вакцината против Ковид-19 е предизвик, но оти не значи дека мора да ги уназади напорите за развој на вакцината. – Очигледно тоа е предизвик за ова тестирање на вакцината. Всушност, не е првпат ова да се случува со вакцината на Оксфорд, […]

СДСМ: Мицкоски беше директно одговорен за поскапување на струјата за 100 отсто


Мицкоски има директна одговорност што цената на струјата се покачи за 100 отсто за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од СДСМ по повод најавениот протест на опозициската партија вечерва мотивиран од одлуката да се зголеми цената на струјата за над 7 отсто. – Зголемување на цената на електричната енергија за 100 отсто, укинување на […]

Наместо на конгрес, врвот на ВМРО-ДПМНЕ реши да излезе на улица


Новата Влада доби едвај 10 дена „грејс-период“ од опозицијата, наместо очекуваните 100 дена политичко примирје. Но прашање е кому повеќе му гори под нозете – на Заев или на Мицкоски, кој оди сѐ подесно   ВМРО-ДПМНЕ, се чини, ниту овој пат нема намера да биде конструктивна опозиција, како што премерот Зоран Заев апелираше во завршниот […]

Мадуро: Во септември пристигнува првата серија руска вакцина


Првата серија руска вакцина против коронавирусот „Спутник V“ ќе пристигне во Венецуела кон крајот на овој месец за третата фаза од клиничките испитувања, најави венецуелскиот претседател Николас Мадуро. – Во септември, пристигнуваат првите вакцини од Русија за клинички испитувања, рече Мадуро во говор емитуван на Фејсбук. Тој додаде дека уште една серија вакцини ќе биде […]

Здружението „Ануитет“ сака на иста маса да ги седне сите инволвирани во Еуростандард банка


Здружението на банкарски клиенти „Ануитет“ сака да ги седне на заедничка маса сите инволвирани страни во случајот Еуростандард банка, за како што велат, да се расчистат сите прашања околу банката. „Изненадени сме од фактот дека сопствениците и Гувернерот на НБРСМ освен меѓусебни обвинувања во јавноста не излегоа со конкретни предлози и мерки како да се обештетат […]

Нема повредени во пожарот во зградата на СЕП и МИА – не работел ни еден хидрант


Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција. Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила. Командантот на Територијалната […]

На Карпестите Планини во САД падна снег, температурата од 32 до 0 степени за 24 часа


  Летото нагло се прекина во делови од Карпестите Планини во САД во вторникот откако температурата која изнесуваше 32 степени Целзиусови падна на минус еден степен. Причина за температурниот шок е силен налет на студен воздух од Канада кој донесе снег и силен ветар во неколку држави. Ветрот корнел дрвја, натрупал снег и затворил делови […]