„Охрид-фест“ во знак на Фолк вечерта, Поп и Интернационалната догодина


Со скратена програма и тоа само со Фолк вечерта задутре на сцената „Долни Сарај“ ќе се одржи Музичкиот летен фестивал „Охрид- фест 2020“. Ова 27-мо фестивалско издание првпат ќе се одржува во услови наметнати од пандемијата на Ковид-19, и согласно препораките на здравствените власти со строги ограничувања на бројот на места за публиката. – За […]

Во пожарот е оштетена архивата, но има електронска евиденција, велат од Инспекторатот за животна средина


Во пожарот што утринава избувна во Инспекторатот за животна средина направена е штета во просторијата каде се чува архивата, но оттаму потврдуваат дека за сите документи имаат и електронска евиденција. Во изјава за МИА, од Инспекторатот посочија дека е оштетена просторијата со архива со оглед на тоа што пожарот избувнал во соседната просторија. Оттаму информираат […]

МТСП: Од 70 градинки со 311 објекти не е отворен само еден, поради тестирање на вработена


Од 70 функционални градинки кои имаат 311 објекти на ниво на држава, само еден објект кој е дел од градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе не е отворен денеска за прием и згрижување на деца, информира Министерството за труд и социјална политика. Според информациите што Министерството ги добило од оваа градинка, се чека да се […]

Њујорк Тајмс: Тестирањето на вакцината на АстраЗенека стопирано поради воспаление на ’рбетниот мозок на еден од доброволците


Завршните клинички испитувања на вакцината против коронавирус, развиена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, беа суспендирани откако учесникот во студијата имаше несакана реакција. Иако фармацевтската компанија не даде детали за негативната реакција развиена од еден од вакцинираните волонтери, во меѓувреме се појави информација дека тој има трансверзален миелитис, односно воспаление на ‘рбетниот мозок, пренесува Би Би […]

Нови 72 случаи со Ковид-19, три лица починаа


Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи со Ковид-19. Во Скопје 24, Куманово – 6, Дебар – 4, Штип – 3, Прилеп – 1, Тетово – 2, Струга – 9, Велес – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – […]

Брисел преговара со шеста фармацевтска компанија за вакцина против Ковид-19


Европската Комисија соопшти денеска дека портфолиото за вакцини е комплетирано по заклучувањето на преговори со фирмата БиоНТех-Фајзер, јави дописничката на МИА од Брисел. Договорот со оваа компанија доаѓа по пет други со следните фармацевтски компании: Санофи-ГСК, Џонсон и Џонсон, КјурВак, Модерна и АстраЗенека. За Европската Комисија склучувањето договори со повеќе компании овозможува разновидност и конкурентност […]

Занаетчиите кај Битиќи и Бектеши – нов сет мерки за оние на кои им е потребна поддршка


Предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите во периодот на социо-економската криза предизвикана од КОВИД-19 и нивните видувања за начините на поддршка за опстојување и развој на занаетчиството во нашата земја, беа тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши со претставници на занаетчискиот еснаф. […]

Холандија: Најголем дневен пораст на инфекции од април


  Бројот на регистрирани нови случаи на корона вирус во Холандија се искачи на 1.140 во изминатите 24 часа – највисок дневен број од април – изјави денеска министерот за здравство. Хуго де Јонг ги објави бројките забележани од Националниот институт за здравство за време на видео пренос во живо. „Не оди на вистински начин“, […]

Арапско НАТО наспроти глобалното НАТО


НАНО РУЖИН Настаните околу Украина и анкесијата на Крим ја фрлија во втор план идејата да се формира некакво „арапско Нато“ по Артапската пролет 2011 година за да имаа соодветен одговор на иранскиот експанзионистички шиитизам и сунитскиот џихадизам   На почетокот на 2020  председателот на САД, Доналд Трамп, со цел да им се спротистави на […]

„Макфест“ со ревијална и фестивалска вечер


Општина Штип го прифати предизввикот и во услови на пандемија нема да ја прекине традицијата за организирање на Фестивалот за музика „Макфест“. На денешната прва прес-конференција во Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“, заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и екипата која работи на организација на фестивалот најавија дека првпат ќе се одржи на отворено […]

Над сто деца останале незгрижени во Св.Николе, вработена имала симптоми на корона


Децата од објектот Клон 1 во рамките на детската градинка „Рахилка Гонева“ во Свети Николе денеска не беа примени, бидејќи вработена е со симптоми на Ковид-19. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека се информирани родителите на децата. Инаку во овој објект денеска требаше да бидат згрижени 110 деца. – Во […]

Најголем број од новозаболените од Ковид од 30 до 39 години и над 60 години


Од регистрираните 790 новозаболени од Ковид-19 минатата недела, најголем број – 174 (22 отсто) се на возраст од 30 до 39 години, а 172 (21,8 отсто) се на возраст од над 60 години. Потоа следат лицата на возраст од 40 до 49 години, чиј број изнесува 134 (17 отсто) и лицата на возраст од 50 […]

Бесими – Ангеловска-Бежоска: Заеднички приоритет e финансиската и макроекономската стабилност


Соработката и континуираната  комуникација помеѓу Министерството за финансии и Народната банка се од исклучително значење за перманентно  и соодветно следење на состојбите и движењата во економијата, како и за одржување на финансиската и севкупната макроекономска стабилност. Тие се, и мора да останат заеднички приоритет на двете институции. Ова, како што соопшти Министерство за финансии, се дел од заедничките заклучоци од денешната […]

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за пожарот во СЕП и Министерството за животна средина


ВМРО-ДПМНЕ бара итна и независна истрага за пожарот во зградата на Секретаријатот за европски прашања и Министерството за животна средина. Самиот факт што е запалена архивата на државен орган и тоа во неработно време по неработен ден отвора огромни сомнежи за можни злоупотреби и криење од јавноста на документи кои што според оценка на власта не […]

Со старател за посебен случај до трансакциска сметка за оние што примале социјална помош во Еуростандард банка


Министерството за труд и социјална политика извести дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси (корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и […]

Случај „Талир“: Се одмотува клопчето за рекетот на ВМРО-ДПМНЕ врз бизнисмените


  Додека ВМРО-ДПМНЕ денеска ги правеше подготовките за првиот протест против владата која ја нарече „мафијашка“ во судот почнаа на површина да се појавуваат деталите за тоа како партијата ги рекетирала бизнисмените кога беше на врвот на моќта. На процесот за случајот „Талир“ за лажното финансирање на партијата во износ од пет милиони евра преку […]

Спасовски: Доаѓа време на правда, ред и дисциплина


Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на  првата прес-конференција откако се врати на оваа функција најави дека продолжува со импелементација на стратегиите подготвени во изминатиот период што треба да придонесат за поефикасна работа на македонската полиција. – Добрите реузлтати на полицијата доаѓаат со работа на мотивирани полициски службеницим на кои постојано им ги подобрувавме и […]

Август поскап од јули за 0,5 отсто


Трошоците на живот во август во однос на претходниот месец забележаа пораст од 0,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 0,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените порадоци пораст е забележан кај сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7 отсто, млекото за 0,5 отсто, оризот за 0,4 отсто, пивото […]

Извозот во првите седум месеци со пад од 21,4 отсто, увозот за 17,3 отсто


Во првите седум месеци од годинава извозот бележи пад од 21,4 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Според обајвените податоци вредноста на извозот во периодот јануари-јули 2020 година изнесува 3.297.625 илјади американски долари Вредноста на увeзената стока, во тој период, изнесува 4.511.999 илјади американски долари, што е за 17,3 […]

Хронично болните да одат на работа само со индивидуални одлуки


 Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да објават листа на коморбидитети кои се забележани кај починатите од Ковид-19 (тие дијагнози соодветно да се ослободат и понатаму од работа), дел од хронично болните кои се со најголем ризик на смртност од Ковид-19 да останат ослободени од работа (списокот на најризичните хронични болести да биде […]