Хронично болните се враќаат на работа, одлучи Владата


Владата на денешната трета седница го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци. – Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова […]

Битиќи: Пари за четвртиот пакет мерки ќе се обезбедат од заштедите и со ребаланс на Буџетот


Четвртиот пакет економски мерки повторно предвидува платежни картички за категориите граѓани како самохраните родители и пензионерите со ниски пензии, за категориите кои не беа претходно опфатени, но ќе има и други таргетирани мерки за оние кои не можат без помош во третиот и четвртиот квартал, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Во гостувањето на […]

„Џенерал Моторс“ инвестира две милијарди долари во стартапот за електрични возила „Никола’“


Стартапот за електрични возила „Никола“ и „Џенерал Моторс“, синоќа најавија стратешко партнерство со инвестиција на „ЏМ“ вредна две милијарди американски долари, за производство на теренски возила на водороден погон. Акциите на двете компании на берзанските тргувања денеска пораснаа значително. Акциите на „Никола“ пораснаа за 45 отсто, а на „ЏМ“ за 11 отсто. Со оваа инвестиција, […]

Хаос на автопатот кај Загреб: По судар се запалиле возила


  На автопатот А3 во Хрватска (СЛавонски Брод-Загреб) горат повеќе возила, кои денеска околу 16.30 часот се судриле, а потоа се запалиле. Сообраќајот е потполно сопрен. Неофицијално, како што јавуваат хрватските медиуми се судриле две товарни возила и два автомобили. „Поминувавме во спротивната лента и видовме густ чад, кога дојдовме поблиску, глетката беше страшна“, вели […]

Џафери на разговор со Која, алтернативното работење на Собранието една од темите


Неопходноста од овозможување алтернативно работење на Собранието во услови на пандемија или други непредвидливи состојби, донесување на реформските закони во пресрет на меѓувладината конференција за почнување преговори за членство во ЕУ, како и потребата за повторно разгледување на Законот против дискриминација за потврдување на одлуките за вонредна состојба и за измени на Деловникот согласно договореното […]

Заев на конференциска врска со еврокомесарот Вархеи


Премиерот Зоран Заев, денеска на барање на еврокомесарот за соседство и проширување на Европската Комисија, Оливер Вархеи, имаше работен состанок преку видео конференциска врска.На состанокот беше разговарано за подготовката на економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, добрососедската политика, како и за можноста за одржување на прва меѓувладина конференција со Европската Унија. Како што истакна еврокомесарот Вархеи, […]

Ограбена аптека во Скопје


Две засега непознати лица ноќеска, околу три часот, ограбиле аптека на улицата „Мирче Ацев“ во Скопје. Како што соопшти полицијата, лицата му се заканиле на вработениот во аптеката по што одзеле пари од прометот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се презмаат мерки за расчистување на случајот.

Во Албанија 151 новозразен, нов кластер затворот Дренова


Во Албанија не се намалува бројката на новозразени со Ковид-19 во едно деноноќие, што потврдува и бројката од 151 новозразено лице, што речиси е костантна бројка во последните два месеца. Понатаму главно жариште останува Тирана и Драч, од каде се 61 односно 27 од новозразените а се зголемува бројот на заразен во Корча,каде се 16 […]

Во вторник почнува исплатата на заштедите од Еуростандард банка – еве кој во која банка треба да оди


Фондот за осигурување на депозити ги информираме депонентите на Еуростандард банка АД во стечај со право на обесштетување и јавноста дека на ден 15.09.2020 година, вторник, ќе започне исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари. Исплатата ќе се извршува преку четири деловни банки и тоа […]

Повеќе од 300 НВО бараат ОН да почне истрага за кршењето на човековите права во Кина


Повеќе од 300 невладини организации побараа од ООН да воспостави меѓународен механизам задолжен за истражување на кршењето на човековите права во Кина и ги повикаа највисоките органи на Светската организација да „дејствуваат решително“. Организации од повеќе од 60 земји испратија писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, високиот комесар за човекови права Мишел Бачеле […]

Словенија ја изгуби тужбата против Хрватска за виното „теран“


Европскиот суд на правдата денеска ја отфрли тужбата на Словенија против Европската комисија во „случајот теран“, долготраен вински спор меѓу словенечките и хрватските винари. Барањето на Словенија за поништување на делегираната регулатива на ЕУ за условите за употреба на терминот „теран“ на етикетите на хрватско вино од Истра е одбиено, објави Европскиот суд во соопштение […]

Колку ќе чини спасувањето на Мицкоски


ЕРОЛ РИЗАОВ ВМРО-ДПМНЕ со преуранетата битка за власт го игнорира најголемиот стратегиски интерес и приоритет на државата, справување со економската и здравствената криза и за отпочнување на преговорите со Брисел   Врвот на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го спасува претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, на сметка на граѓаните на Македонија. Наместо во вообичаена „процедура“ по внатрепартиски […]

Маж почина откако падна во отвор за лифт во Скопје


Утрово во скопската полиција било пријавено дека маж пропаднал во лифт во објект што се гради на улицата „Пушкинова“. Имено, во зграда каде се изведуваат градежни работи, 37-годишник од скопското село Сарај пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на самото место. На локацијата извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

„Ова е терор“ – нобеловката Светлана Алексиевич ги обвинува белоруските власти


  Писателката добитничка на Нобеловата награда Светлана Алексиевич ги обвини белоруските власти за тероризирање на сопствениот народ во средата, откако уште еден опозициски политичар беше приведен од маскирани во обична облека. Максим Знак беше последната фигура грабната во систематската кампања на владата на претседателот Александар Лукашенко за да ги приведе водачите на едномесечното движење на […]

Владата предложи намалување на судската такса за физичките лица


Владата на денешната седница предложи намалување на судската такса за физичките лица за седум пати. -На денешната седница Владата одлучи да ја предложи измената на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати (Од 48.000 денари на 6.000 денари). Работиме во интерес на граѓаните за да […]

Новата црногорска влада најавува: Остануваат химната и знамето, Косово е независно


Црногорската „тројка“ – Здравко Кривокапиќ, Дритан Абазовиќ и Алекса Бечиќ потпишаа, како што беше оценето во Црна Гора, историски договор за принципите на новата црногорска влада што ќе го наследи Мило Ѓукановиќ по 30 години на власт. Договорот го потпишале вчера, а денеска на прес-конференција ги соопштија деталите. Меѓу основните принципи на преамбулата на договорот […]

Интерес за книги: Замисли едно поинакво Скопје (галерија)


Замисли еден поинаков поглед- е мотото на годинашниот Саем на книги, (поддржан од Министерството за култура) прв пат на отворено заради коронавирусот, на помал простор и без големи попусти. Замислете поинакво Скопје, по многу години, да се чека ред за влезница кај „Борис Трајковски“, не за концерт туку за книга. Љубителите на пишаниот збор избираат […]

Земјите од регионот бројат рекорди на новозаразени


Во Словенија денеска се забележани рекордни 79 нови случаи со корона вирус, а во моментот активни се 519. Во однос вчера ова е зголемување за 37 случаи, а досега во Словенија во еден ден беа забележани најмногу 61 случај, и тоа на 26 март. Нови жаришта се домови за стари лица, како и во училиштата […]

Гренел: Договорот ги оддалечува Србија и Косово од Русија и Кина, тоа е победа на Трамп


Односите меѓу Србија и Косово беа разгледани во Вашингтон во четвртокот и петокот, но клучните точки во документот за „економска нормализација“ за американската администрација се тоа што тој ги регулира односите меѓу двете страни со Израел и дека ги „оддалечува од Русија и Кина“. Во таа смисла, „економската нормализација“ меѓу Белград и Приштина „е голема […]

Филипче утре на средба со претставници на здруженија на пациенти за предлогот за враќање на работа на хронично болните


Министерството за здравство соопшти дека утре претпладне, министерот за здравство Венко Филипче ќе се сретне со претставници на здруженијата на пациенти „Борка“, „Живот со предизвици“, Национално здружение за мултиплекс склероза, за хронична миелоична леукемија, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, „Нефрон“, Хепар центар, „Пеперутка“ и Алијанса на пациентски организации – АПО. На средбата, посочуваат […]