Амбасадор на модата: Бред Пит е новото лице на „Бриони“

САД – Бред Пит е новото лице на постојната рекламна кампања на брендот Бриони, односно на нивната последна линија одела и палта.

Фотографиите се дело на Микаел Јансон.

Ова е втора соработка на Бред Пит со Бриони оваа година, а лани во ноември брендот го прогласи Оскаровецот за свој амбасадор на модата. Лани го освои Оскарот за споредна улога во костум на „Бриони“.

Бред Пит претходно беше првиот маж кој го рекјламираше култниот женски парфем „Шанел бр. 5“. Претходно заштитни лица на Chanel N°5 биле Мерилин Монро, Никол Кидман и Одри Тату.