Мета: Време е албанските граѓани да се вратат и да станат господари на својата земја и судбина


Албанскиот претседател Илир Мета, потсетувајќи на егзодусот на албанските граѓани на 8 август 1991 година, кон Италија, го нарече тоа сведоштво пред целиот свет за „трагедијата и болката на народот што страдал со децении од насилство, угнетување, беда и изолација”. -На 8 август 1991 година бродот „Валона“ со околу 20.000 Албанци на палубата го започна […]

Во Херцег Нови 92 проценти помалку туристи


Во Херцег Нови престојуваат околу 3.300 туристи, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период лани. Според податоците на Туристичката организација на Херцег Нови, од вкупниот број туристи има 2.570 странци и 733 домашни гости, пренесува РТЦГ. Во домаќинствата има 2.330 гости и 974 во хотели. Нема регистрирани туристи во авто камповите […]

Речиси 400 новозаболени денеска во БиХ


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа корона вирусот е потврден кај 398 лица, од 2.151 анализирани примероци. Во Федерацијата БиХ се 326 нови случаи, а во Република Српска 72. Дусега се тестирани 94.035 примероци, а ковид е потврденкај 8.352 луѓе во Федерацијата. Оздравеа 4.609 пациенти, а во моментот активни се 3.547 случаи со […]

Средношколци од семејства со ниски приходи може да аплицираат за надомест за школски прибор


Министерството за образование и наука го објави повикот за аплицирање за еднократна финансискa поддршка од 3.000 денари за купување училиштен прибор за ученици запишани во јавните средни училишта во 2020/2021, кои се од семејства со ниски примања, согласно со уредбата со законска сила донесена во јуни. Финансиската поддршка за школски прибор, за која може да се аплицира […]

Меси спие на душек, што го убива корона вирусот


Додека светот продолжува да се тресе од КОВИД-19, Лионел Меси ужива привилегија да спие на специјален душек што го уништува вирусот. Ова го откриваат шпанските медиуми во пресрет на враќањето на Барселона во Лигата на шампионите, каде вечерва екипата го пречекува Наполи во реваншот од 1/8-финалето. Излезе дека една локална компанија – „Tec Moon“, направила […]

Медицински техничар од Шведска во поддршка на колегите на Инфективна клиника


Медицинскиот техничар од Шведска Ханс Јорген Михаел Селберг, кој пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита ќе им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид-19. Од Инфективната клиника информираат дека Јорген одлично се вклопил во работниот […]

УХМР: Не постои опасност од излевање на поголемите реки заради поројниот дожд


Викендов повторно се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град. Како што информираат од УХМР, ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал. […]

Скриените трошоци на италијанските куќи за едно евро


Минатата година властите во оддалечените градови во Италија решија да започнат со продажба на стари напуштени куќи. Станува збор за проект за заживување на руралните области, а цените на индивидуалните куќи се околу едно евро – но во заднина има и скриени трошоци, пишува „Бизнис инсајдер“. Иселувањето од Сицилија започна во 1960-тите, кога островот беше […]

„Стоп за грабежот“: Се појавуваат долгови и во непостоечки банки


Пред Минстерството за правда денеска се одржа протест под мотото „Стоп за грабежот“, насочен кон извршителите, но и судиите и обвинителите. Демонстрантите побараа извршителите да се вратат во рамките на судот, но и да се направи ветинг на судиите, затоа што обвинуваат дека дел од нив се криминални. – Поради лихварската вонсудска наплата , но […]

Почина Лоренцо Сорија, претседател на Здружението кој ги избира добитниците на Златен глобус


САД– Лоренцо Сорија, претседател на Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд (ХФПА) кое ги избира добитниците на  „Златен глобус“, почина вчера во неговиот дом во Лос Анџелес, според член на неговото семејство. Тој имаше 68 години. Причината за смртта не беше откриена. „Неговото заминување е длабока загуба за нас и за сите што го […]

Продолжуваат протестите против владата на Бојко Борисов


  Во Софија денеска нормализиран е сообраќајот откако демонстрантите кои протестираат против владата ги блокираа патиштата на главниот град на Бугарија. Околу 5.000 луѓе се собраа во петокот во Софија каде извикуваа „Мафија“ и „Оставка“, барајќи смена на владата на конзервативниот премиер Бојко Борисов. Протестите траат веќе еден месец, а имаше и протести и во […]

Пацоли пријави имот вреден повеќе стотини милиони евра: Хотел во Швајцарија, осум автомобили…


Беџет Пацоли, поранешниот потпретседател на косовската влада и лидер на Алијансата за ново Косово, пред Агенцијата за борба против корупцијата пријави имот во вредност од повеќе стотини милиони евра пишува Газата експрес. Според пријавата во Агенцијата може да се види дека само неговиот приватен авион вреди 10 милиони евра. Надвор од Косово Пацоли поседува имот […]

И утре нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Управата за хидрометеоролошки работи најави дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. Според УХМР,  и утре ќе имаме променливо […]

Албанската полиција заплeни 32 килограми марихуана чија дестинација била Македонија


Албанската полиција спречи обид за шверц на марихуана која требало да биде префрлена на македонска територија, преку зелениот појас на албанско – македонската граница кај Струга. – По добиените информации по оперативен пат, спречен е обид за шверц на 32 килограми марихуана. Две лица албански државјани со возило требало на илегален начин да преминат на […]

КСС: Да се престане со заканата за отказ на 20 отсто или 30.000 работници во јавниот сектор


Конфедерацијата на слободни синдикати повикува да не се повикува постојано на бркање од работа на 20-30.000 работници од јавниот сектор. – Во изминатиот период бевме бомбардирани преку медиумите дека е намален обемот на работа во јавниот сектор поради економската и здравствената криза, но и понатаму кај вработените кои се со договор на определено време и […]

(Во живо) Почна протестниот марш „Стоп за грабежот“


Денеска пред Министерството за правда започна протестот од страна на неформално здружение на граѓани – „Стоп за грабежот“. Овој протест е наменет, како што велат, против сите кои го ограбуваат народот и сите оние кои го поддржуваат тоа – извршители, нотари, креатори на високи банкарски каматни стапки, судии, нефункционален судски совет. https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/3199847780096240/

Владата оддаде почит на загинатите бранители на Карпалак


Во име на Владата на Македонија, Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот, денеска, положувајќи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, оддаде почит и учествуваше во одбележувањето на 19-годишнината од за загинувањето на десетмината припадници на резервниот состав на Армијата во оружениот конфликт во 2001 година, соопшти владината прес-служба. […]

Бродот што превезувал амониум нитрат потонал во Бејрут во 2018 година 


 Бродот Rhosus, од кој бил конфискуван амоним нитратот, опасна материја што најмногу се користи како ѓубриво и за правење експлозиви, потонал во пристаништето на Бејрут во 2018 година, соопшти синоќа Њујорк тајмс.  Весникот се повикува на сателистки снимки и други податици за движењето на бродот. Како резултат на трагичната експлозија што се случи на 4 август во […]

„Тесла“ најавува помал „Сајбертрак“ за Европа


Иако „Тесла“ ги отфрли плановите за намалување на големината на „Сајбертрак“, Елон Маск сега вели дека производителот на автомобили „многу веројатно“ ќе направи помала верзија на електричниот пикап за Европа. Помал „Сајбертрак“ Набрзо откако го промовираше прототипот на „Сајбертрак“ минатата година Маск почна да зборува за правење помал електричен пикап кој ќе може да се […]