И утре нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Фото: Б. Грданоски

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Според УХМР,  и утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 22 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 29 степени.

Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.