Речиси 400 новозаболени денеска во БиХ


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа корона вирусот е потврден кај 398 лица, од 2.151 анализирани примероци.

Во Федерацијата БиХ се 326 нови случаи, а во Република Српска 72.

Дусега се тестирани 94.035 примероци, а ковид е потврденкај 8.352 луѓе во Федерацијата.
Оздравеа 4.609 пациенти, а во моментот активни се 3.547 случаи со Ковид-19.

Во изминатото деноноќие пријавени се шест смртни случаси со што вкупниот број се искачи на 196 мртви.

Во РС направени се 506 тестови од кои 72 биле позитивни. Досега вирусот е потврден кај 5.501 лица, а починаа 191 пациент. Оздрваеа 3.087 лица.