Пацоли пријави имот вреден повеќе стотини милиони евра: Хотел во Швајцарија, осум автомобили…


Беџет Пацоли, поранешниот потпретседател на косовската влада и лидер на Алијансата за ново Косово, пред Агенцијата за борба против корупцијата пријави имот во вредност од повеќе стотини милиони евра пишува Газата експрес.

Според пријавата во Агенцијата може да се види дека само неговиот приватен авион вреди 10 милиони евра.

Надвор од Косово Пацоли поседува имот вреден 125 милиони евра, а сопственик е и на земјиште и деловен простор вредни милиони евра.

Само едно парче земја кое Пацоли го поседува во странство вреди повеќе од седум милиони евра, додека една куќа која ја поседува вреди 18 милиони евра. Исто така, сопственикт е на швајцарскиот хотел „Дајмонд“, чија вредност се проценува на 42 милиони евра.

Околу милион евра се акциите кои тој ги поседува во 20-тина компании, а во некои од нив има и 100 отсто од акџиите.

Неговата заштеда во банките во косово се мери исто така во милиони евра, а само во една банка во Приштина, чиј годишен приход е два милиони евра, на штедна книшка има четири милиони евра.

Своето богатство го зголемува и со приходите од Економике банка, Мабетек холдинг, банкарски депозити и Собранието на Косово, пишува Газета експрес.

Пацоли е сопруг на италијанската мегаѕвезда Ана Окса.