Продолжуваат протестите против владата на Бојко Борисов


 

Во Софија денеска нормализиран е сообраќајот откако демонстрантите кои протестираат против владата ги блокираа патиштата на главниот град на Бугарија.

Околу 5.000 луѓе се собраа во петокот во Софија каде извикуваа „Мафија“ и „Оставка“, барајќи смена на владата на конзервативниот премиер Бојко Борисов.

Протестите траат веќе еден месец, а имаше и протести и во други бугарски градови.

Полицијата доцна синоќа ги евакуира демонстрантите и наложи отстранување на блокадите пставени на главните патишта и крстосници во Софија.

Министерството за внатрешни работи наведе дека повеќе нема да толерира блокади на патиштата.

Демонстрантите ги обвинуваат функционерите на власт дека се поврзани со мафијата, дека е ограничена слободата на говор, дека одбиваат да се борат со корупцијата и бараат да се реформира правосудството.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, избран во 2016 година со гласови на Социјалистичката партија, ги поддржува демонстрантите и отворено ја критикува владата на десниот центар.