Рисима Рисимкин одбележа јубилеј на „Охридско лето“: Три децении синоним за македонска танцова авангарда


Поранешната балерина со остварени голем број улоги, сега синоним за македонска танцова авангарда, Рисима Рисимкин, вчеравечер во рамките на програмата на „Охридско лето“ го одбележа јубилејот, 30 години кореографско творештво. Во нејзина кореографија и режија, во предворјето на црквата „Света Софија“ беше прикажана претставата „Идентитети-историја на еден растегнат сон“. Прекрасната визуелна слика што се движеше […]

„Врба“ на филмски фестивали во Валенсија, Сараево и Пекинг


„Врба“ на  режисерот Милчо Манчевски е избран во главната селекција за награди на филмскиот фестивал во Валенсија (Mostra de Valencia), еден од најголемите во Шпанија, кој ќе се одржува од 22 октомври до 1 ноември. Како што соопшти „Банана филм“, селекторите на фестивалот во официјалната покана, меѓи другото, наведуваат дека се „одушевени од автентичниот и деликатен […]

Гладијаторските борби се враќаат во Стоби, ама виртуелно


Првпат во земјава е изработена апликација за виртуелно доживување на археолошки локалитет која посетителите ќе ги врати во минатото. На социјалните медиуми веќе се најавува уникатна можност за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби да присуствуваат на виртуелна гладијаторска борба во театарот на Стоби во II век од н.е. Ова виртуелно доживување е изработено преку проектот […]

Во Куба почнуваат клиничките испитувања на вакцината „Суверенитет 01“ против Ковид-19


Следната недела ќе почнат клиничките испитувања за потенцијалната кубанска вакцина против Ковид-19, а резултатите од тие тестови ќе бидат достапни во февруари следната година. Според Си-Ен-Ен, вакцината наречена „Суверенитет 01“ ќе биде тестирана врз 676 лица, на возраст од 19 до 80 години, а истражувањето ќе заврши до 11 јануари 2021 година. На развојот на […]

Коалицискиот договор меѓу Зaeв и Ахмети пред највисоките партиски органи на СДСМ и ДУИ


Највиските партиски тела на СДСМ и на ДУИ денеска треба да го потврдат договорот за формирање владина коалиција што вчера го постигнаа лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети. СДСМ ќе одржи седница на Централниот одбор вечер во 20 часот, а претходно се очекува да се состанат и членовите на Извршниот одбор. Лидерот […]

Насер Зибери нема коментар за новата влада договорена од ДУИ и СДСМ


„Немам коментар“, ова е реакцијата на Насер Зибери за договорот меѓу СДСМ и ДУИ за новата влада, кој беше претставен вчера од лидерите Заев и Ахмети, пишува весникот Лајм. Зибери не сака да се изјасни повеќе за новата влада што ќе ја води Заев. Дали Насер Зибери се чувствува измамен од Али Ахмети? Зибери одби […]

Трудо побара запирање на работата на Парламентот до 23 септември и гласање доверба на владата


Канадскиот премиер, Џастин Трудо, соопшти дека замолил да запре работата на Парламетот до 23 септември. Претходно тој објави за смени на функционери во Владата.  Критичарите велат дека со ова „ресетирање“ на власта, Трудо сака да заташка скандали од пред повеќе години поврзани со конфликт на интереси и корупција околу една канадска градежна компанија која работела […]

Рекорден број смртни случаи за еден ден во Индија од почетокот на пандемијата


Во Индија, 1.092 луѓе починаа од корона вирус во изминатите 24 часа, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата во таа земја. Во Индија, досега, од Ковид-19 починаа повеќе од 53.000 луѓе, и според смртниот биланс, земјата е четврта во светот – по САД, Бразил и Мексико. Во […]

Сопругот ја нападнал сопругата пред угостителски објект во Тетово


  Дваесет и четири годишна тетовка пријавила семејно насилство од сопругот што се случило на јавен простор пред угостителски објект. Таа пријавила дека сопругот користел и остар предмет. – Дваесет и четиригодишна тетовка вчера во 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека дваесетина минути пред тоа, во близина на угостителски објект во […]

Во европските банки под мораториум се 360 милијарди евра кредити


Најголемите банки во Европа воведоа мораториум или други олеснувања за отплата на над 360 милијарди евра кредити, а големото прашање е дали должниците ќе можат да продолжат да ги извршуваат своите обврски кога ќе завршат таквите мерки за поддршка, пишува Ројтерс. Според упатствата на владите и монетарните регулатори, заемодавателите им дадоа пауза на милиони граѓани […]

Австрија: 11 км колони за излез кон Хрватска


  Австриските медиуми наведуваат дека место метеж на границите за влез во Австрија од Хрватска, се створила колона од возила за излез од земјата. Како што пренесе Index.hr, се работи за германски туристи кои поитале кон Хрватска, покрај одлуката на Австија да воведе задолжително тестирање на сите нејзини граѓани кои се враќаат од Хрватска или […]

Морисон: Вакцината во Австралија ќе биде бесплатна


Австралија соопшти дека обезбедила пристап до потенцијалната вакцина против коронавирусот и дека ќе може да обезбеди бесплатни дози за целата 25-милионска популација на континентот. Тоа е вакцина што заеднички ја развиваат фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд. -Доколку клиничките испитувања бидат успешни, договорот со АстраЗенека ќе обезбеди брз пристап до вакцината за секој Австралиец, […]

Училиштата во Грција од 7 септември ќе работат во полн состав и со зголемени мерки на заштита


По едногласната препорака на Комисијата за заштита на јавното здравје од Ковид-19 при Министерството за здравство на Грција, се планира повторното отворање на сите училишни единици да биде во полн состав (т.е. со сите ученици) и со зголемени мерки за заштита (како што е широка употреба на маска, различни паузи за учениците и сл.), соопштуваат […]

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава, предлага Комисија за заразни болести


Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово кои минуваат низ нашата држава. Како што соопшти денеска Министерството за здравство, транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Овој предлог од Комисијата ќе биде доставен до Владата.

Во Ресен веќе нема болни од корона вирусот


БИТОЛА – По 70 дена битка со корона вирусот во Ресен денес се избори да нема ниту еден активно болен. Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски утрово  им се заблагодари на граѓаните за совесното и одговорно однесување во справувањето со Ковид-19 и им порача дека битката е добиена, но војната со вирусот трае. „Ресен во […]

Спејс-Икс на Маск доби нови 1,9 милијарди долари


САД – Компанијата Спејс-Икс, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, доби 1,9 милијарди долари нови средства, според поднесокот до американските регулатори. Според повеќе медиуми, ова е најголемата поединечна рунда прибрани финансиски средства за Спејс-Икс досега. Така, вредноста на капиталот на оваа приватна компанија што се бави со производство на ракети и вселенски летови, по оваа […]

Носењето маска ќе биде систематско на работните места во Франција


Франција – Носењето маска ќе биде систематско на работните места во Франција, што подразбира и во отворените работни простори – канцеларии (опен спејс), соопшти француската министерка за труд  Елизабет Борн, по состанокот со социјалните партнери. Со ова француските власти ги следат неодамнешните повици од неколку специјалисти за заразни болести да се намали ризикот од заразата, јави […]

Пет опции на Путин во однос на Лукашенко


Рускиот претседател Владимир Путин би можел да игра клучна улога во решавањето на кризата во Белорусија. И за тоа има пет опции, пишува „Блиц“. Белорускиот претседател Александар Лукашенко, „последниот европски диктатор“ кој е на власт цели 26 години, одби да ги повтори изборите во неговата земја, за кои многумина веруваат дека биле лажирани. Притиснат од […]

Демократите и официјално го номинираа Џо Бајден за претседателски кандидат


САД –  На вториот ден од националната конвенција на Демократската партија Џо Бајден и официјално беше номиниран за претседателски кандидат за изборите во ноември, кој за влез во Белата куќа ќе се трка со актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јави ДПА За Бајден, поранешен сенатор и потпретседател на земјата, номинацијата доаѓа по повеќе од три децении […]

Кристија Фриленд е нов министер за финансии на Канада, прва жена во историјата на земјата


Канада – Кристија Фриланд е првата жена што доаѓа на престижната позиција министер за финансии во историјата на Канада. Таа го замени Бил Морноа, кој во понеделникот вечерта си поднесе оставка на функцијата заради различните концепти во буџетското трошење со премиерот Џастин Трудо. Кристија Фриланд станува федерална министерка за финансии во време кога Канада се справува […]