Над 34 илјади пензионери преку Еуростандард банка добивале пензии на домашна адреса


Над 34 илјади пензионери и речиси 20 илјади корисници на социјална помош кои парите ги добивале преку Еуростандард банка, примањата за овој месец ги добиле на домашна адреса со посредство на „Пошта“. Станува збор за последната исплата за минатиот месец што била направена во август пред Народната банка да ѝ ја одземе дозволата за работа […]

Чешка го отфрла планот на СЗО за развој на вакцина против Ковид-19


Чешка – Чешкиот министер за здравство Адам Војтех изјави денеска дека земјата нема да учествува во планот на СЗО за развој и дистрибуција на вакцина против коронавирус – Ковакс. – Ние нема да се приклучиме на иницијативата на СЗО од неколку причини – правилата за нас се понеповолнис отколку да сме дел од европска иницијатива. Ние […]

Тенисерките се најбогати спортистки на светот


САД– Девет од десетте најплатени спортистки во светот се тенисерки. Ова е според листата што ја објави престижниот магазин Форбс за периодот јуни 2019-јуни 2020 година. Лидерка според заработувачката е Наоми Осака, а единствената спортистка која е на листата меѓу топ 10, а не е тенисерка е американската фудбалска репрезентативка, Алекс Морган. Јапонката Оска во […]

Буџетот на ФИФА за 2019-2022 година е намален за 120 милиони долари


Швајцарија– Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави кратење на буџетот за циклусот 2019-2022 година. Буџетот на ФИФА за овој период е намален од 6,56 милијарди долари на 6,44 милијарди долари. Ревизијата на буџетот на организацијата е поврзана со последиците од пандемијата на коронавирус, особено со трансформацијата на календарот на меѓународни натпревари, одложувањето на Светското првенство меѓу клубовите […]

Нови 108 случаи на Ковид-19 од 1902 тестирања, двајца починати и 112 оздравени


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-3. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, […]

Папата Франциск побара богатите да немаат приоритет за вакцината против Ковид-19


Папата Френциск денеска истакна дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинирањето против коронавирус. – Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе, рече папата. Говорејќи за време на својата седмична јавна аудиенција, тој рече дека по пандемијата на Ковид-19, животот нема да се врати во нормалност ако […]

Алијанса и Алтернатива: Идната влада нема да може да опстои долго бидејќи нема легитимитет


Претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, денеска на прес-конференција пред Парламентот нагласија дека траењето на идната влада ќе биде многу кратко поради тоа што, како што истакнаа, го нема основниот столб – легитимитетот. – Идната Влада формирана со ДУИ ќе го нема основниот столб, а тоа е легитимитетот. На […]

Србија: 158 новозаразени, починаа тројца


  Во последните 24 часа во Србија тестирани се 10.571 лица, а 158 биле позитивни на корона вирус. За жал, починаа тројца пациенти. Според последните податоци од Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 57 пациенти се на респиратор ширум Србија.

Во БиХ 12 починаа од корона вирус, 304 се новозаболени


  Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 12 смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број жртви се искачи на 504. Седуммина од починатите се од Република Српска, а од Федерацијата петмина. Во последните 24 часа регистрирани се 304 новозаболени, па вкупно бројот на заболени изнесува 16.602. Во Федерацијата […]

Хрватска урива рекорди со новозаболени од Ковид-19


  Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска денеска објави дека имаат највисок број новозаболени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата, дури 219, а со тоа и најмногу активни случаи – 1.520. Вкупно од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 7.074 случаи заболени од корона вирус. „Во изминатите 24 часа забележани се нови 2019 […]

Нефи Усеини и брат му заработија кривични


Полицијата поднесе кривични пријави против советникот во Општина Охрид Нефи Усеини и против уште едно лице, во врска со вчерашниот инцидент кој се случил пред хотел во Охрид. Според соопштението од СВР – Охрид, станува збор за Усеини и неговиот брат Ибраим (48), како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје […]

Песков: Секое мешање однадвор во Белорусија е неприфатливо


Русија смета дека секоја странска интервенција во ситуацијата во Белорусија е неприфатлива, верувајќи дека Белорусите можат сами да ја решат ситуацијата, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин. -За жал, ние сме сведоци на обиди за такво (странско) мешање. Сметаме дека таквото мешање е неприфатливо, рече Песков пред новинарите. „Сакам да повторам, ние […]

Вонредни рестриктивни мерки на Миконос и Халкидики


Откажување на сите настани како што се забави со жива музика, литии, пазари и слично; забрана за јавни и приватни собири на над девет лица; задолжителна маска и надвор и во затворените објекти, како и дозволени најмногу четири лица на една маса во кафулињата и рестораните, се мерките кои од петок стапуваат во сила на […]

Аријана Гранде е најслушана пејачка на Spotify, ја симна Ријана од тронот


САД- Spotify објави дека Аријана Гранде сега е најслушаната пејачка досега на овој сервис. Со 20,5 милијарди слушања, таа ја презеде оваа титула од Ријана. Гранде им се заблагодари на обожавателите за поддршката на Инстаграм, но има и порака за Ријана. – Ви благодарам на сите што ме слушате и што ви е ова општо […]

Почина Оскаровецот Бен Крос, ѕвездата од „ Огнени кочии“


САД– Оскаровецот Бен Крос , ѕвездата на „Star Trek“ починал во Виена на 72-годишна возраст по кратко боледување, потврдила неговата ќерка на Фејсбук, пренесува „Гардијан“. „Со скршено срце ја споделувам со вас веста дека мојот мил татко почина пред неколку часа. Тој беше болен веќе извесно време, но последните неколку недели неговата здравствена состојба се […]

НЛБ банка им овозможува на пензионерите достава на пензијата на домашна адреса


НЛБ банка – Скопје вчера соопшти дека на сите клиенти физички лица, кои имале активна трансакциска сметка во Еуростандард банка – Скопје и примале плата и пензија им нуди можност за брз и едноставен пренос на истата во НЛБ банка. „Клиентите кои ја примале својата плата или пензија во Еуростандард банка, ќе можат да отворат […]

Претседателот на Мали поднесе оставка и го распушти парламентот


Во кратко телевизиско обраќање, претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита, поднесе оставка и го распушти парламентот неколку часа откако беше уапсен од побунетите војници во вторникот. „Ако одредени елементи на нашите вооружени сили сакаат со нивна интервенција да ја прекинат кризата, дали воопшто имам избор?“, рече Кеита од воената база во Кати недалеку од главниот […]

(Фото) Екстремистички напад во Берлин?


  Шест лица се повредени во низа судари, кои ги предизвикал 30-годишен Ирачанец на пат во Берлин. „Според моменталните сознанија, тоа беше исламистички мотивиран напад“, вели портпаролот на обвинителството за магазинот Фокус, а пренесе Ројтерс. Постојат назнаки дека Ирачанецот имал психички проблеми. Од шесте лица кои се повредени, тројца се потешко повредени, кога маж вечерта […]

Владата стокмена, се чекаат имињата на министрите


СДСМ и коалицијата во новата влада ќе имаат 12 министри. Некои од сегашнава влада ќе останат и во новата, но очигледно дека ќе има ротација во ресорите, затоа што дел од нив доби ДУИ. Она што јавноста најмногу ја интересира е кој ќе биде новиот шеф на дипломатијата, министер за финансии и за правда   […]

Косовскиот премиер Хоти излекуван од Ковид-19


Косово – Две недели откако му беше дијагностициран Ковид-19, косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска имаше негативен тест, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за приштинските медиуми ја потврдија извори од Владата на Косово, наведувајќи дека премиерот денеска се појавил на работа во својата канцеларија. На почетокот на месецов Хоти објави дека имал позитивен тест на […]