(Фото) Екстремистички напад во Берлин?

 

Шест лица се повредени во низа судари, кои ги предизвикал 30-годишен Ирачанец на пат во Берлин.

„Според моменталните сознанија, тоа беше исламистички мотивиран напад“, вели портпаролот на обвинителството за магазинот Фокус, а пренесе Ројтерс. Постојат назнаки дека Ирачанецот имал психички проблеми.

Од шесте лица кои се повредени, тројца се потешко повредени, кога маж вечерта во вторникот, налетал на неколку возила, вклучително и мотор.

Сударите на три различни локации доведоа до потполно затворање на една од главните сообраќајници во Берлин.

Локалните медиуми пренесоа дека мажот возе „опел астра“ потоа застанал на патот и ставил една кутија на возилото, за која тврдел дека е полна со експлозив.

Полицијата ја проверила кутијата и во неа нашла само алат.

Неколку медиуми пренесоа дека мажот извикувал „Алаху акбар“ додека излегувал од возилото.

Тој е уапсен.

ДПА наведува дека животот на еден од повредените е во опасност.

Инцидентот предизвикал голем метеж во сообраќајот. Околу 300 луѓе со часови биле заглавени на патот, а помош пружил германскиот Црвен крст, соопшти противпожарната служба од Берлин, во вторникот вечерта.