НЛБ банка им овозможува на пензионерите достава на пензијата на домашна адреса


НЛБ банка – Скопје вчера соопшти дека на сите клиенти физички лица, кои имале активна трансакциска сметка во Еуростандард банка – Скопје и примале плата и пензија им нуди можност за брз и едноставен пренос на истата во НЛБ банка.
Клиентите кои ја примале својата плата или пензија во Еуростандард банка, ќе можат да отворат трансакциска сметка во НЛБ Банка и да ја префрлат својата плата/пензија само со достава на важечки документ за лична идентификација. Исто така, за пензионерите се нуди единствена можност за достава на пензијата на домашна адреса“, се вели во извесстувањето на интернет страницата на НЛБ банка.
Притоа, од НЛБ банка додаваат дека на клиентите им стојат на располагање и повеќе производи – така на примателите на пензија на располагање е Сребрениот пакет, додека клиентите приматели на плата можат да го користат Виолетовиот пакет, во рамките на кои се овозможува дозволено пречекорување на трансакциска сметка, со можност за пречекорување до 2 пензии односно 2 плати, како и кредитни картички Visa Mastercard без членарина за користење за првата година (со лимит до 3 пензии односно 3 плати распределени на сите кредитни картички по желба на клиентот, како и бесплатни дополнителни картички).
Исто така банката нуди и широка палета на кредити, можност за рефинансирање на постоечки кредити, и депозитни продукти, потоа на располагање се НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик eлектронското банкарство, можност за користење на трајни налози за плаќање на редовни месечни трошоци, обврски по основ на картички, кредити и тн.