Нафтата повторно поскапува


На меѓународните берзи денеска е регистриран раст на цената на нафтата по новиот американски напад врз Иран.

На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше 104,56 долари, што е за 4,21 долари повеќе во споредба од вчера.

Додека на американската берза цената на нафтата се намали за 2,24 долари и барел се тргуваше за 94,36 долари. Американската берза вчера беше затворена поради празник.