Аријана Гранде е најслушана пејачка на Spotify, ја симна Ријана од тронот


САД- Spotify објави дека Аријана Гранде сега е најслушаната пејачка досега на овој сервис. Со 20,5 милијарди слушања, таа ја презеде оваа титула од Ријана.

Гранде им се заблагодари на обожавателите за поддршката на Инстаграм, но има и порака за Ријана.

– Ви благодарам на сите што ме слушате и што ви е ова општо важно. Не можам да дочекам да ве запознаам со новата музика. И сега, може ли Ријана, да објави албум, за да ја преземе оваа титула повторно и да ми ги наполни ушите – напишала пејачката и со тоа и се придружила на армијата на обожаватели кои ја молат секој ден споменатата пејачка за нов албум.

Ријана го издаде својот последен албум, Анти, во јануари 2016 година. Гранде оттогаш издаде 3 албуми – Dangerous Woman, Sweetener и Thank U, Next.

„Варајати“ објави дека Гранде ќе ѝ се придружи на нејзината соработничка Лејди Гага за настап на годиneшната церемонија на доделување на Ем-ти-ви награди за најдобро музичко видео (MTV Video Music Awards), што ќе се одржи в недела, на 30 август.

Поп-sвездите ќе го изведат својот хит-дует Rain On Me на настанот, кој првично требаше да се одржи со ограничена публика во новата арена „Баркли центар“ во Бруклин, но наместо тоа, ќе се одржи на различни локации на отворено низ Њујорк.