Хрватска урива рекорди со новозаболени од Ковид-19


 

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска денеска објави дека имаат највисок број новозаболени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата, дури 219, а со тоа и најмногу активни случаи – 1.520.

Вкупно од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 7.074 случаи заболени од корона вирус.

„Во изминатите 24 часа забележани се нови 2019 случаи на зараза со Ковид-19 и во моментот бројот на заболени (активни случаи) во Хрватска денеска е вкупно 1.520. Меѓу нив се 122 пациенти на болничко лекување, од кои 11 се на респиратор“, соопшти штабот.

Починаа две лица, со што бројот на жртви се искачи на 168, а 5.386 оздравеа.

Во самоизолација се 5.459 лица. До денеска тестирани се 142.124 лица, од кои 1.653 во последните 24 часа.