Тенисерките се најбогати спортистки на светот


САД– Девет од десетте најплатени спортистки во светот се тенисерки. Ова е според листата што ја објави престижниот магазин Форбс за периодот јуни 2019-јуни 2020 година. Лидерка според заработувачката е Наоми Осака, а единствената спортистка која е на листата меѓу топ 10, а не е тенисерка е американската фудбалска репрезентативка, Алекс Морган.

Јапонката Оска во овие 12 месеци има заработувачка од 37,4 милиони долари, второпалсираната Серена Вилијамс заработила 36 милиони долари. Следува Ешли Барти чија заработувачка е далеку помала, 13,1 милион долари. Потоа редоследно се Халеп, Андреску, Мугуруза, Свитолина, Кенин, Кербер и на десетото место е Алекс Морган која има заработка од 4,6 милиони долари.

Наоми Осака и Серена Вилијамс го урнаа рекордот на годишна заработувачка на една спортистка кој и припаѓаше на Марија Шарапова со 22,3 милиони долари од 2015 година. На листата 100 најплатени спортисти што Форбс ја објави во мај, Осака беше на 29-то, а Вилијамс на 33-то место и беа единствени жени на списокот.