Почина Оскаровецот Бен Крос, ѕвездата од „ Огнени кочии“


САД– Оскаровецот Бен Крос , ѕвездата на „Star Trek“ починал во Виена на 72-годишна возраст по кратко боледување, потврдила неговата ќерка на Фејсбук, пренесува „Гардијан“.

„Со скршено срце ја споделувам со вас веста дека мојот мил татко почина пред неколку часа. Тој беше болен веќе извесно време, но последните неколку недели неговата здравствена состојба се влоши“, напишала таа.

Крос, англиски актер, најпознат по улогата на британскиот олимписки спортист Харолд Абрахамс во филмот „Огнени кочии“, за кој освои Оскар, е роден во Лондон во 1947 година. Дипломирал на Кралската академија за драмски уметности во Лондон.