Во БиХ 12 починаа од корона вирус, 304 се новозаболени


 

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 12 смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број жртви се искачи на 504.

Седуммина од починатите се од Република Српска, а од Федерацијата петмина.

Во последните 24 часа регистрирани се 304 новозаболени, па вкупно бројот на заболени изнесува 16.602.

Во Федерацијата денеска се тестирани 1.601 примерок, од кои 234 позитивни.

Во Република Српска тестирани се 471, а корона вирусот е потврден кај 106 лица.