Косовскиот премиер Хоти излекуван од Ковид-19


Косово – Две недели откако му беше дијагностициран Ковид-19, косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска имаше негативен тест, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за приштинските медиуми ја потврдија извори од Владата на Косово, наведувајќи дека премиерот денеска се појавил на работа во својата канцеларија.

На почетокот на месецов Хоти објави дека имал позитивен тест на коронавирус и најави дека ќе се самоизолира и работните обврски ќе ги извршува од неговиот дом.