Трудо побара запирање на работата на Парламентот до 23 септември и гласање доверба на владата

Канадскиот премиер, Џастин Трудо, соопшти дека замолил да запре работата на Парламетот до 23 септември. Претходно тој објави за смени на функционери во Владата. 

Критичарите велат дека со ова „ресетирање“ на власта, Трудо сака да заташка скандали од пред повеќе години поврзани со конфликт на интереси и корупција околу една канадска градежна компанија која работела во Либија, како и фаворизирање на добротворна организација.  

Официјално, чекорот на премиерот има за цел санирање на економските штети врз земјата по големиот буџетски дефицит предизвикан од континиураната итна финансиска поддршка на населението поради пандемијата. 

„Во претстојните недели ќе презентираме план за да изградиме посилна и по отпорна Канада. Денеска го замолив генералниот гувернер да назначи пауза на работата на Парламентот. Потоа, на 23 септември ќе положиме обраќање на тронот за детално изложување на нашиот пристап за понатмошните активности. Тоа исто така ќе дозволи парламентот да спроведе гласање за доверба во однос на новиот план“, напиша Трудо на Твитер. 

Премиерот на Канада претходо ја прифати оставката на министерот за финансии Вилијам Морно, а на негово место ја назначи Кристина Фриленд, негова заменичка и близок соработник. Трудо вети „нови, смели решенија“, кои ќе помогнат земјата да се опорави од пандемијата.