Австрија: 11 км колони за излез кон Хрватска

 

Австриските медиуми наведуваат дека место метеж на границите за влез во Австрија од Хрватска, се створила колона од возила за излез од земјата.

Како што пренесе Index.hr, се работи за германски туристи кои поитале кон Хрватска, покрај одлуката на Австија да воведе задолжително тестирање на сите нејзини граѓани кои се враќаат од Хрватска или да ги стави во карантин. Таа одлука инаку предизвика вистинска вербална војна меѓу хрватските и австриските политичари.

Австрија ја означи Хрватска како многу ризична земја за патување кога станува збор за можноста од заразување со корона вирус, а потоа е донесена одлука дека сите кои влегуваат во Австрија, а престојувале во Хрватска, задолжително да се тестираат, односно за влез во земјата да има треба негативен тест.

Спротивно на очекувањата на Австрија да се створат гужви на граничните премини при враќање на домашните туристи, колоната на границата е огромна, но во спротивен правец.

Имено, на излез од Австрија колоната е 11 километри. Австриските медиуми го објавија тој податок со доза на шок, наведуваат дека во колоната се Германци, кои патуваат кон Хрватска и кои, како што наведуваат хрватските медиуми, не се плашат од короната во Хрватска.

Се наведува дека и претходниот викенд во Хрватска влегле повеќе од 80.000 германски туристи, пишува „Нови лист“.

Германија не издаде негативни препораки за патување кон Хрватска ниту Институтот „Роберт Кох“, кој ја следи епидемијата, ја прогласи Хрватска за ризична земја.

„Германските туристи во моментот не мора да се соочат со задолжителни тествои“, пишува Зидојче цајтунг“ за короната во Хрватска, и појаснува на своите читатели дека голем дел од хрватското приморје има мал број новозаразени.

„За донесување оодлуки меродавни се вистинските трендови, а не моменталната слика“, соопштија од германското Министерство за надворешни работи во поглед на воведувањето мерки против ширењето на корона вирусот за лушето кои доаѓаат во Хрвтаска.

„Значи, германските туристи во моментот не мора да се соочат со задолжителни тестови“, пишува „Зидојче цајтунг“.