Насер Зибери нема коментар за новата влада договорена од ДУИ и СДСМ


Фото: Б. Грданоски

„Немам коментар“, ова е реакцијата на Насер Зибери за договорот меѓу СДСМ и ДУИ за новата влада, кој беше претставен вчера од лидерите Заев и Ахмети, пишува весникот Лајм.

Зибери не сака да се изјасни повеќе за новата влада што ќе ја води Заев.

Дали Насер Зибери се чувствува измамен од Али Ахмети?
Зибери одби да одговори на ова прашање.

Инаку, по лидерската средба на Зоран Заев и Али Ахмети вчера во Клубот на пратеници, тие објавија дека се договориле Заев да биде премиер во следните четири години, да ја укинат Пржинската влада, а последните 100 дена од мандатот на премиерското место да дојде човек од коалициониот партнер, односно ДУИ.