Морисон: Вакцината во Австралија ќе биде бесплатна

Австралија соопшти дека обезбедила пристап до потенцијалната вакцина против коронавирусот и дека ќе може да обезбеди бесплатни дози за целата 25-милионска популација на континентот.

Тоа е вакцина што заеднички ја развиваат фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд.

-Доколку клиничките испитувања бидат успешни, договорот со АстраЗенека ќе обезбеди брз пристап до вакцината за секој Австралиец, изјави премиерот Скот Морисон за Би-Би-Си.

Вакцината Оксфорд / АстраЗенека е една од петте потенцијални вакцини кои влегоа во напредната фаза на клинички испитувања, но се уште не се познати трошоците за доставување на вакцината до целото население.

Морисон кажа дека се надева оти вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година.

Тој најави дека вакцината против коронавирусот може да биде задолжителна, иако се уште нема официјална потврда за таа одлука.

-Вакцинацијата ќе биде задолжителна колку што тоа е можно. Секако, секогаш постојат исклучоци од медицински причини, додаде австралискиот премиер.