Спејс-Икс на Маск доби нови 1,9 милијарди долари
САД – Компанијата Спејс-Икс, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, доби 1,9 милијарди долари нови средства, според поднесокот до американските регулатори.
По успешното лансирање и спојувањето на модулот Кру драгон со Меѓународната вселенска станица (МВС), Маск најави дека следниов период најголемиот приоритет на неговата компанија ќе биде изградба и развој на големи превозни средства за пат до Месечината и Марс.