Рекорден број смртни случаи за еден ден во Индија од почетокот на пандемијата

Индија

Во Индија, 1.092 луѓе починаа од корона вирус во изминатите 24 часа, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата во таа земја.

Во Индија, досега, од Ковид-19 починаа повеќе од 53.000 луѓе, и според смртниот биланс, земјата е четврта во светот – по САД, Бразил и Мексико.

Во текот на изминатиот ден потврдени се повеќе од 64.000 нови случаи на корона вирус, а вкупниот број заразени надмина 2,7 милиони. Според бројот на заразени, Индија е трета во светот – по САД и Бразил.

Во четири од 28 индиски држави, се регистрирани 63 отсто од сите смртни случаи и 54,6 проценти од вкупнитиот број заразени.