Кристија Фриленд е нов министер за финансии на Канада, прва жена во историјата на земјата

Канада – Кристија Фриланд е првата жена што доаѓа на престижната позиција министер за финансии во историјата на Канада.

Таа го замени Бил Морноа, кој во понеделникот вечерта си поднесе оставка на функцијата заради различните концепти во буџетското трошење со премиерот Џастин Трудо.

Кристија Фриланд станува федерална министерка за финансии во време кога Канада се справува со најголемиот буџетски дефицит од Втората светска војна, а нејзината нова позиција ќе го вклучува и планирањето за економското закрепнување на земјата додека продолжува пандемијата на Ковид-19.

Фриланд досега беше министер за надворешни работи и заменик премиер.

Таа ќе ја задржи улогата на вицепремиер, но одговорноста за односите со провинциите ќе и ја предаде на Доминик Лебланк.

Фриланд синоќа и официјално даде заклетва на новата функција.