Пет опции на Путин во однос на Лукашенко


Рускиот претседател Владимир Путин би можел да игра клучна улога во решавањето на кризата во Белорусија. И за тоа има пет опции, пишува „Блиц“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, „последниот европски диктатор“ кој е на власт цели 26 години, одби да ги повтори изборите во неговата земја, за кои многумина веруваат дека биле лажирани.

Притиснат од една страна со протести и осуди од меѓународната заедница и соочен со понуда за странско посредување кое тој го одби, Лукашенко се сврте кон својот руски колега.

Тој разговараше со Путин двапати во изминатиот викенд, по неколкудневните, досега најголеми, протести во Белорусија.

Путин и Лукашенко, кој во минатото одбиваше подлабока интеграција со Русија од нивната Алијанса, се согласија да одржуваат „редовни контакти“ на различни нивоа со цел „зајакнување на сојузничките односи“.

Лукашенко, колку и да инсистираше на автономија на Белорусија, ова беше моментот кога, како што пишува Си-Ен-Ен, тој го запре своето хаотично „додворување“ на Европската унија и се сврте директно кон неговиот источен сосед за да го спаси од неволја.

Следниот потег се очекува од Путин, пишува „Блиц“ и додава дека рускиот претседател може да избере една од неколкуте опции.

Пет опции во однос на Лукашенко

– Првата опција е воена интервенција. Нуклеарната опција може да се исклучи. Сепак, Путин би можел да ги распореди своите сили како што направи во Украина, или дури да испрати униформирани руски војници или полицајци, што конечно ќе му даде контрола над клучниот сосед. Белорусија е од суштинско значење за Путин заради регионалната безбедност, но и како тампон зона за силите на НАТО во Полска. Исто така, обезбедува пристап до коридорот Сувалки, земјена превлака од Белорусија до Калининград, со кој Русија, како што предупредува НАТО, би можела да ги отсече балтичките членки на Алијансата од остатокот на копното на Западна Европа.

Втората опција – тивка вода, брег рони, а Кремљ е господар за забавени игри и неочекувани потези. Путин би можел да ги распореди своите шпиони, обучени во згаснување на социјалните медиуми, да таргетира вистински индивидуи наместо да ги напаѓа масите или дисиденти. Оваа тивка бруталност, придружена со постепен пад на ентузијазмот на демонстрантите, може да се покаже како најдобрата стратегија во наредните месеци, истакнува Си Ен Ен.

– Опција три: Да го натера Лукашенко да се повлече. Овој потег би бил многу ризичен. Кремљ суштински би ја зајакнал опозицијата во Белорусија, предводена од ривалот на Лукашенко на изборите, Светлана Тихановска, со надеж дека идната влада ќе сака потопли односи со Москва. Но, на коцка е поголема криза – Путин не може да си дозволи да ја шири пораката за моќта на луѓето. Исто така, секоја нова белоруска влада веројатно ќе се сврти кон Западот и ЕУ за помош.

– Нови избори со вметнување руски кандидат – Тоа би била најомилената опција на Путин. Москва беше мајстор за создавање и наметнување победа на својот посакуван кандидат на локалните избори, честопати технократ, кој наизглед се појавува од никаде. Нови избори би ги смириле протестите, а таков кандидат може да ги задоволи и белоруските безбедносни служби и елитата. Сепак, правењето отстапки, како што се нови избори, може да ги поттикне демонстрантите да направат пошироки барања. Исто така, демонстрантите можат да заклучат дека и тие избори би биле лажирани, што ќе ја врати земјата во состојба на криза.

– И, на крај – внимателен чекање. Опцијата е Русија да не прави ништо некое време, недела или две, туку да почека да се зголеми притисокот врз Лукашенко и ситуацијата да ескалира. Со текот на времето се намалиле и други протести, кога бруталноста на  полицијата се смирува, модринки на телата на демонстрантите избледуваат, а секојдневните грижи стануваат поважни. Практичните грижи преовладуваат над идеологијата кога населението со децении се соочува со корупција и репресивна влада. Тихановска, лидер на протестот, во моментов е во Литванија, така што демонстрантите ќе го изгубат фокусот и мотивацијата со текот на времето. Со оглед на сериозноста на последиците од другите четири опции, ова може да биде прв избор на Путин, заклучува Си Ен Ен. (Блиц)