Сончево и топло со температура до 32 степени, попладне дожд
Времето ќе биде сончево и релативно топло, попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а дневната од 18 до 32 степени. […]