Фронтекс: Се зголемува протокот на мигранти кон Европа


Полска– По забележителниот пад на мигрантските текови во април, бројот на бегалци кои сакаат да стигнат до ЕУ повторно драстично се зголеми. Во мај, недозволеното преминување на границите преку главните мигрантски рути во Европа се зголеми трипати во однос на претходниот месец. Според податоци на граничната агенција на ЕУ, Фронтекс, станува збор за 4.300 нелегални […]

Во Србија нови 59 заразени, почина едно лице


Во Србија, според последните податоци, заразени се нови 59 луѓе, а еден почина. Од последниот извештај тестирани се примероци на 1.802 лица. Од почетокот на епидемијата во Србија потврдени се вкупно 12.210 случаи на корона вирус, а вкупно се тестирани 302.928 лица кои ги исполнувале критериумите за тестирање. Во моментот има 533 активни случаи на […]

Речиси 9.000 нови случаи со Ковид-19 во Русија, починаа 119 пациенти


Во последните 24 часа во Русија регистрирани се нови 8.835 случаи заразени со корона вирус, а од почетокот на епидемијата има 528.964 случаи. Кризниот штаб соопшти дека во земјата има 241.966 активни случаи. Оздравени се вкупно повеќе од 280.000 пациенти од кои само во последниот ден 5.409. Во последното деноноќие од последиците на Ковид-19 починаа […]

„Funk Shui“ со „Метеори“ ги освојува топ-листите во регионот (видео)


„Funk Shui“, со  синглот првенец ,,Метеори”, кој е најава за албумот кој следи, беше симболично споделен крајот на мај на каналите на групата на социјалните и музичките платформи (spotify, deezer, apple music, google play, itunes, pandora, tidal). Веќе на почеток од јуни се искачи на музичките топ листи, станувајќи воедно и песна на неделата на […]

ОБСЕ/ОДИХР испраќа мисија за „избори на 5 јули“


ОБСЕ/ОДИХР распиша конкурс за експерти кои треба да ги следат предвремените парламентарни избори во Македонија на 5 јули годинава. Во соопштение објавено денеска на интернет-страницата на институцијата, се наведува дека е прифатена поканата на македонската влада за следење на изборите. „По официјалната покана да се набљудуваат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули, и […]

Oстaр пад на берзите во светот, инвеститорите очекуваат втор бран на пандемијата


На светските берзи, цените на акциите минатата недела забележаа најголем неделен пад од средината на март, бидејќи според новите економски проценки на Федералните резерви на САД, се распаднаа надежите за брзо закрепнување на најголемата светска економија од корона кризата, пишува регионалниот бизнис портал „Сеебиз“ (SEEbiz.eu). На Вол Стрит, индексот „Дау Џонс“ минатата недела потона 5,6 […]

Деркоски исчезна, ДИК не може да се состане


Последниве два дена трае вистинска потрага по претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, од страна на неговите колеги, за да продолжи ревидирањето на роковникот за одржувањето на изборите по одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не ја продолжува вонредната состојба.   Според информациите денеска во ДИК не дошле претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Деркоски, и претставничката на ДУИ, […]

Во Бразил рекорден број новозаболени за еден ден – 20.894


Чиле, Аргентина, Перу и Колумбија пријавија рекорден број новозаразени во последните 24 часа, што дополнително го зголемува стравот од ширење на инфекцијата во земјите од Латинска Америка. Поради се поголемиот број заразени, надлежните сметаат дека овој континент сега е епицентар на глобалната пандемија, јави Би-би-си. Се стравува дека бројот на инфицирани е многу поголем затоа […]

Дескоска: Уредбите важат и по завршувањето на вонредната состојба


Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, денеска даде објаснувања во однос на неодумиците до кога важат Уредбите со законска сила што ги донесе Владата за време на вонредната состојба. Според толкувањето на министерката, „Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба, односно да […]

Мицкоски е за избори на 15 јули, а на 8 јули ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека бара да се почека пристигнувањето на мисијата на ОБСЕ и ОДИХР во Македонија, а следниот ден да почне кампањата за избори. Според него, изборите тогаш би можеле да се одржат најрано кон средината на јули, а 5 и 8 јули не се опција. Првата можна […]

Двајца келнери во бифе во МВР заразени, служеле кај заменик-министерката и директорот на БЈБ


Двајца келнери кои работат во бифето на МВР се заразени од Ковид-19, јавува Телма. Според нивни информации, ги опслужувале канцелариите на четврти кат каде се наоѓа кабинетот на заменик министерката во техничката влада Славјанка Петровска, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и дел од советниците на министерот Наќе Чулев. Петровска вели дека утрово дознала за ова […]

Реконструирани сите средни училишта во Скопје


Учениците и вработените во средните училишта на Град Скопје имаат можност да учат и работат во подостојни и побезбедни услови од пред две години кога  Град Скопје започна со интензивни реконструкции на сите училишта со цел да се одговори на потребите на секое училиште посебно. Во изминатиот двегодишен период, сите градски средни училишта беа реконструирани […]

Кина потврди 57 новозаболени од Ковид-19, најмногу во последните два месеца


Кина во последните 24 часа потврди нови 57 случаи од корона вирус, што е најголем дневен пораст во последните два месеци. Локалниот медиум CTV News пишува дека Националната здравствена комисија известила дека има 38 нови потврдени случаи кои се локално пренесени, и 36 во Пекинг. Ова е најголем број дневни случаи за кинескиот град откако […]

Во БиХ нови 62 заразени од корона вирус


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина за корона вирус тестирани се 832 луѓе, во Федерацијата и 316 во Република Српска, па вкупно има 62 новозаразени. На подрачјето на Федерацијата БиХ до сега тестирани се 43.912 луѓе, а потврден е Ковид-19 кај 1.316 пациенти. До сега оздравеле 980 пациенти, а активни се 295 случаи. […]

Демант од групацијата „Новоматик“ на прес-конфекцијата на движењето „Антикоцкање“


Жалиме што во период кога целото општество се справува со тешките последици по здравјето на граѓаните и економијата предизвикани од пандемијата со “Ковид-19“, движењето „Антикоцкање“ продолжува со својата негативна кампања и ширењето лажни вести. Посоченото лице кое наводно нападнало член на движењето „Антикоцкање“ воопшто не е вработен во автомат клубот „Адмирал“. Сепак, ги охрабруваме и […]

Сметка од 1,1 милион долари за лекување пациент од корона вирус


Медицинскиот персонал со аплауз го испрати Мајкл Флор, пациент најдолго хоспитализиран од Ковид-19 во САД кој, кога неочекувано не умре, луѓето се шегуваа со него како „чудо човек“. Сега оние кои го нарекуваа „чудо човек“ исто така можат да го нарекуваат и човек од милион долари. Флор (70), дошол многу близу до смртт , а […]

Калајџиев и Цаца Николовска поднесоа оставки од Советот за надзор на прислушкувањето


Правните експерти Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки во Собранието. Тие беа дел од Советот за граѓански надзор кое е составено од стручњаци кои треба да го надгледуваат прислушкувањето во Македонија. „По долга и неуспешна битка да профункционира, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки како претседател и потпретседател и како членови на […]

Истражување: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес


Над четириест проценти од граѓаните сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците. Речиси исто толку граѓани сметаат дека општинските инспектори не се професионални и ефикасни, како и дека наместо да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници. Ова го покажуваат резултатите од истражување на јавното мислење […]

Досега одобрени седум милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити


Преку Развојната банка досега се доделени 7,13 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 2, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил. Средствата, како што наведува, се доделени на 593 компании со 10.108 вработени. -Заедно со Ковид 1 линијата, досега, преку бескаматни кредити во износ од 12,67 милиони евра поддржани се 1.331 […]

Жените поподложни на ментални проблеми поради пандемијата


Резултатите од студија на британските научници покажуваат дека е поголем бројот на жени во споредба со мажи, кои се соочуваат со ментални проблеми предизвикани од пандемијата со Ковид-19. Научниците од Институтот за општествени и економски истражувања при Универзитетот во Есекс тврдат дека жените потешко ја поднесуваат изолацијата што беше воведена како дел од мерките за […]